Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество

Шеталиште 03/05/2026 09:43
IMG_3081

„Обликување на иднина во мир“ е мотото под кое утре и задутре во Лусака, Замбија, ќе се одржи глобалната конференција по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.

Светскиот ден на слободата на медиумите е воспоставен врз основа на одлука на Генералното собрание на Обединетите нации и по препорака на Генералното собрание на УНЕСКО од 1991 година. Се одбележува од 1993 година, секогаш на 3 мај, а целта е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсети на медиумските работници кои ги загубија животите при вршење на својата работа.

Како ден за одбележување е годишнината од усвојувањето на Декларацијата Виндхоек за промовирање на независно и плуралистичко африканско новинарство од 1991 година, донесена од африканските новинари во градот Виндхоек, Намибија.

Како што наведува УНЕСКО на својата интернет страница, со поттикнување на пристапот до сигурни информации, одговорност, дијалог и доверба, слободата на медиумите и независното новинарство се клучни за мирот, економското закрепнување, одржливиот развој и човековите права.

Според Извештајот за светските трендови на УНЕСКО во периодот 2022-2025 година, слободата на медиумите доживеа најголем пад од 2012 година. Овој пад е споредлив со оној што се забележува во најнестабилните периоди од 20 век – двете светски војни и Студената војна.

-Манипулацијата со информации, вклучително и употребата на вештачката интелигенција од страна на злонамерни актери, ја ослабува довербата и националната безбедност. Истовремено, независните медиуми се соочуваат со се поголема економска кревкост. Самоцензурата порасна за повеќе од 60 отсто, поттикната од страв од одмазда, онлајн вознемирување, судско заплашување и економски притисок. Светскиот ден на слободата на медиумите 2026 е критичен момент за повторно потврдување на слободата на изразување и усогласување на новинарството, технологијата (вклучувајќи ја вештачката интелигенција) и актерите за човекови права околу практични начини за зајакнување на информациските екосистеми за иднината, наведува УНЕСКО.

ЕУ: Слободата на медиумите е клучна за демократијата, новинарите мора да бидат заштитени во секој момент

Европската Унија, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите кој се одбележува на 3 мај, порача дека слободните и независни медиуми претставуваат темел на секое демократско општество и оти новинарите мора да бидат заштитени во сите околности.

Во соопштението на Европската Унија се наведува дека демократијата не може да постои без слободни медиуми и дека пристапот до информации и слободата на изразување не се привилегии, туку основни човекови права.

ЕУ предупредува дека ширум светот е сè поизразено насилството врз новинарите, вклучувајќи убиства, повреди, закани, произволни апсења и присилни протерувања. Посебно се истакнува дека новинарките се несразмерно често мети на родово засновано насилство, вклучувајќи и онлајн вознемирување.

Како што се наведува, 2025 година беше најсмртоносната за новинарите на глобално ниво, а убиствата и нападите врз медиумските работници, вклучувајќи ги и оние во војната на Русија против Украина, како и во војните на Блискиот Исток, особено во Појасот Газа, Либан и Африка, мора да бидат темелно истражени, а одговорните казнети.

Во соопштението исто така се предупредува дека правото на информирање е сè позагрозено, со раст на притисоците како што се застрашувањата и тужбите за застрашување на јавноста (SLAPP), кои поттикнуваат автоцензура кај новинарите. ЕУ ја осудува репресијата врз новинарите од страна на авторитарните режими ширум светот, вклучувајќи го насилството и притисоците во Иран.

– Владите мора да воспостават цврста правна рамка за да ги заштитат новинарите од злоупотреба на судските постапки. Ограничувањето на мрежите на странски дописници денес само остава поголем простор за ширење опасни и непроверени информации. Истовремено, поединечни канали кои се претставуваат како медиуми шират лажни вести и ги пренесуваат ставовите на властите, наместо да ги повикуваат на одговорност. Последица на тоа е што граѓаните се сè повеќе изложени на пропаганда и дезинформации, кои се претставуваат како вести, се додава во соопштението.

Европската Унија истакнува дека ќе продолжи да го поддржува слободното, плуралистичко и квалитетно новинарство преку соработка со организации како Европскиот фонд за демократија, Обединетите нации и УНЕСКО, како и со регионалните тела како Советот на Европа и ОБСЕ.

ЕУ порачува дека, како во рамките на своите граници, така и глобално, ќе продолжи да ги брани слободата на медиумите и правата на новинарите.

Во Македонија Светскиот ден на слободата на медиумите четврти пат одбележан со крводарителска акција на 29 април

Со порака дека солидарноста е основа на новинарството како професија која базира на заштита на јавниот интерес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Црвениот крст го одбележа 3 мај, Светскиот ден на слобода на медиумите.

Извор и фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер
Следно: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни

Поврзани вести

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани