Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Светски ѕвезди, театар за деца и гурмански вкусови: Битола пулсира со БИТ ФЕСТ во првата недела на месец август

Шеталиште 01/08/2025 12:54
BIT FEST PRVA NEDELA AVGUST 2025

Овој викенд, во недела, кралот на електронската и транс музика, Armin Van Buuren доаѓа во Македонија, во Битола на БИТ ФЕСТ. Музичкиот спектакл од светски ранг, ќе се одржи на Стадионот „Петар Милошевски“, со почеток од 22:00 часот.

За големиот концерт на ARMIN VAN BUREEN на Стадион ,,Петар Милошевски” очекувана e масовна посетеност како од сите градови низ Македонија, така и од сите соседи во регионот и Европа!

„Со целовечерна програма, која, покрај ARMIN VAN BUUREN ги вклучува и LAURA VAN DAM, CYRILLIC и SEMPRE, Битола за прв пат во својата историја добива настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди… а, земајќи ја предвид и природната убавина и атрактивност на градот Битола, повеќе од очигледно е дека оваа недела – СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ДО БИТОЛА!“, стои во најавата на настанот од Авалон продукција.

За вљубениците во театарот, а посебно за децата и младите, во недела започнува и Програмата на 14 издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „БИТОЛИНО“. Театарските претстави и работилници ќе се одржуваат во Центарот за култура, според распоредот во најавената програма која ќе трае до 7 август.

На 5 август во рамките на „БИТ ФЕСТ“, во 20:30 часот, во Културниот центар „Магаза“ ќе биде отворена изложбата „Декларација на вредност“ на уметникот Константин Солак.

На 7 август, Битола и „БИТ ФЕСТ“ носат уште едно големо изненадување и незаборавно доживување. На Античкиот локалитет Хераклеја со почеток од 21:00 часот, публиката ќе има можност да проследи исклучителна вечер посветена на кларинетот, со врвните музичари кои оставиле белег на меѓународната сцена: Исмаил Лумановски, Благојче Трајковски, Горан Бојчевски, Благој Ламњов.

Работната недела на 08 и 09 август, со почеток во 21:00 часот ќе ја заокружи одлична музичка програма збогатена со 6 различни штандови со храна, во рамките на второто издание на Street Food Festival Bitola кој ќе се одржи на Платото пред ДМ маркет, кај Градската пошта.

Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе трае до 31 август, а се реализира со поддршка од Општина Битола и Министерството за култура и туризам.

Continue Reading

Претходно: Општина Битола со финансиска поддршка од 4 милиони денари за „Пелистер Волеј“
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да сфатат дека проблемот е во нив, тие со навреди за сите кои ги напуштаат

Поврзани вести

Screenshot_20260503_122852_Gallery
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Свет

Македонскиот генијалец, Македон Димитровски освои златен медал по математика во Германија (Фото)

Димитар Петковски 03/05/2026 11:01
IMG_3082
  • Култура
  • Настани

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе

Шеталиште 03/05/2026 09:56
682738107_1146695597597852_5072943248499922598_n
  • Култура
  • Настани

СМИЛЕВО КАКО ОТВОРЕН ПРОЦЕС: ЗАПОЧНУВА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС 2026“

Шеталиште 02/05/2026 07:22
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза 690671041_122167089866954245_6795181175238060696_n 1
  • Битола инфо

Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза

08/05/2026 08:39
Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко 08-050 2
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

08/05/2026 06:41
Денеска облачно време со врнежи од дожд dozd-cador-1 3
  • Македонија

Денеска облачно време со врнежи од дожд

08/05/2026 06:39
30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ IMG_3256 4
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

07/05/2026 20:24
Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961! IMG-889265e5640e1769ee32c3979bf350e6-V 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

07/05/2026 20:12

Можеби сте пропуштиле

690671041_122167089866954245_6795181175238060696_n
  • Битола инфо

Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза

Шеталиште 08/05/2026 08:39
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.05.2026)

Шеталиште 08/05/2026 06:43
08-050
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

Шеталиште 08/05/2026 06:41
dozd-cador-1
  • Македонија

Денеска облачно време со врнежи од дожд

Шеталиште 08/05/2026 06:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани