Селекцијата на Мексико успешно го отвори настапот на Светското првенство, совладувајќи ја Јужна Африка со 2:0 на стадионот “Ацтека” во Мексико Сити. На натпреварот му претходеше свечено отворање, со настапи на бројни латиноамерикански i музички ѕвезди, пред околу 85.000 гледачи, предизвика најголеми овации појавувањето на поп-ѕвездата Шакира.
Мексико доминираше од самиот почеток дојде дорано водство. Во 9. минута, по голема грешка на одбраната на Јужна Африка, Хулијан Кињонес погоди за 1:0. Со играч повеќе, Мексико уште посилно притисна и во 67. минута стигна до втор гол преку Раул Хименез.

Со оваа победа, Мексико ги освои првите три бода во групата А.
Селекцијата на Јужна Кореја се врати од негатива и ја победи Чешка во Групата А. Ладислав Крејчи со гол со глава му донесе водство на Чешка, но за брзо дојде израмнувањето кога Хванг Ин-Бом погоди за израмнување. На Чешка преку Томас Соучек му беше поништен гол поради офсајд, неколку моменти пред Ох Хјеон-Гу да го комплетира пресвртот на Јужна Кореја. Јужна Кореја се изедначија по бодови со Мексико и ја водат групата со освоени по 3 бодови на стартот од Светското првенство во 2026 година.

