Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство 2026: Македонското срце издржа против фаворизираната Белгија, реми за голем бод во Гент

Димитар Петковски 10/10/2025 21:43
naslov-1536x1044

Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа првата позиција во квалификациската група за Светското првенство 2026, откако во Гент , Македонија одигра 0-0 против фаворизираната Белгија.

Фаворитите на овој дуел селекцијата на Белгија со над 25 шутеви кон голот на Столе Димитриевски не успееја да постигнат гол.

Македонскиот чувар на мрежата не потклекна пред ѕвездите од типот на: Де Брујне, Опенда, Салемакерс и Доку.

Македонија успеа со дисциплинирана игра во стилот на италијанското катанаџо да го неутрализира противникот ѝ да запише голем бод против голема репрезентација во името на Белгија предводена од Руди Гарсија.

Белгија имаше поништен гол во 18. минута поради офсајд, а неколку минути подоцна белгијците пропуштија повторно одлични шанси.

Македонската одбрана и голманот  Димитриевски, кој во вториот дел со неколку одлични одбрани го сочуваа почетниот резултат 0:0.

Селекторот Боби Милевски за свежина во нашиот состав во игра ги пушти, Дарко  Чурлинов и Милан Ристовски а потоа влегоа и Деспотовски и Алими.

Македонската репрезентација со овој голем и златен бод  го задржа лидерското место со 12 бода пред Белгија со 11 додека трето пласиран е Велс кој има 10 во нашата група во квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Следниот натпревар за „црвено-жолтите“ е мечот  со Казахстан на домашен терен  во понеделник со почеток од (20:45 часот).

 

БЕЛГИЈА – МАКЕДОНИЈА       0-0

 

Планет Груп Арена во Гент.

Гледачи: 20.000.

Судија: Умут Мелер (Турција).

Стрелци:

Ж. Картони: Теате, Де Бруине (Б) – Ашковски, Костадинов (М).

БЕЛГИЈА: Куртоа, Кастањ (89’ Мение), Дебаст, Теате, Де Кујпер (89’ Сејс), Ванакен (75’ Онана), Раскин, Де Бруине, Салемакерс (59’ Опенда), Доку, Тросар (75’ Фофана).

Селектор: Руди Гарсија.

 

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски. Зајков, Стојчевски (74’ Деспотовски), Муслиу (83’ Велковски), Ашковски (46’ Чурлинов), Алиоски, Барди, Атанасов (74’ Алими), Костадинов, Елмас, Миовски (57’ М.Ристовски).

Селектор: Благоја Милевски.

Continue Reading

Претходно: Познатиот македонски навивач Кипре на прием кај градоначалникот на Гент во Белгија
Следно: КК Пелистер со двоцифрена разлика го победи Чаир (Видео)

Поврзани вести

skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани