Секторот за внатрешни работи Битола ги демантира информациите објавени на дел од порталите и социјалните мрежи за наводно намерно опожарување на патничко возило во сопственост на 73-годишниот Д.Ц. од Битола.
Според официјалните информации, на 24 август 2025 година, во 01:38 часот, во СВР Битола било пријавено дека при паркирање на возилото марка „Опел Омега“ на улица „Солунска“ во Битола, истото се запалило во предниот дел и почнало да гори. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
Од полицијата апелираат до јавноста да не се шират непроверени информации кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните.

