На 09.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 29 годишно лице од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.