Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

cropped-1050-x-170.gif
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

СВР-Битола: Се намалува бројот на извршени тешки кражби и разбојништва

admin 18/05/2023 00:00
539533-0.Basic-tur6erydt

Во првите четири месеци од 2023 година, според извештаите и во евиденциите на СВР Битола, има намалување на извршените тешки кражби, тешки кражби во обид, кражби, кражби во обид, разбојништва во обид и разбојништвата.

Во изјава за медиумите, портпаролот Сања Стаматова, соопшти дека намалувањето на кривичните дела се однесува и за подрачјето на Битола, каде споредбено со минатата 2022 година се бележи драстичен пад во делот на извршените кражби, тешки кражби и разбојништва.

– Резултатот се должи на низата преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција, постојаното присуство на полициски службеници на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за намалување на бројката на извршени кривични дела, со тенденција намалувањето да продолжи и во наредниот период, посочи Стаматова.

Во СВР Битола во првите четири месеци евидентирани се вкупно 268 кривични дела тешки кражби, во споредба со 493 за истиот период минатата година, од кои 96 годинава се на подрачјето на Битола, а нивниот број лани изнесувал 280.

Во споредба со лани, годинава намалување бележи и бројот на тешки кражби во обид, така оваа 2023 година во евиденциите на СВР Битола заведени се вкупно 40 тешки кражби во обид од кои 12 на подрачјето на Битола, додека во истиот период минатата година, таа бројка била вкупно 113 извршени кривични дела тешка кражба во обид за цел сектор, а само во Битола 67 кривични дела тешка кражба во обид.

– Во делот на имотни деликти со елементи на насилство, разбојништвата се кривични дела кои според начинот и употребата на насилство при нивното извршување се едни од најтешките во оваа област, оваа година бројот на разбојништвата на подрачјето на СВР Битола бележи намалување. Во овие четири месеци од 2023 година на подрачјето на Битола извршени се 5 разбојништва и сите се експресно расчистени при што се поднесени и кривични пријави, потврди Стаматова.

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно Обвинителство има поднесено 33 кривични пријави за извршена кражба, 69 кривични пријави за тешка кражба и 7 кривични пријави за разбојништво.

Continue Reading

Претходно: Култниот метал-бенд AMORPHIS со концерт во Скопје
Следно: На „Криволак“ ќе се реализира вежбата „Брз одговор 23“

Поврзани вести

IMG_2228
  • Вести
  • Битола инфо

Лишена од слобода докторка од Битола поради примање поткуп

Шеталиште 17/07/2025 16:40
IMG_2226
  • Вести
  • Македонија

Започнува реализацијата на нов инфраструктурен проект во Индустриската зона Новаци

Шеталиште 17/07/2025 15:15
IMG_2225
  • Вести
  • Македонија

Во основните училишта во општина Могила ќе бидат поставени прочистувачи за воздух

Шеталиште 17/07/2025 15:07
300_X_250
300X250
300 x 250
Веб Банер Голд Слот
WEBIART-BANER

Тренд Вести

Лишена од слобода докторка од Битола поради примање поткуп IMG_2228 1
  • Вести
  • Битола инфо

Лишена од слобода докторка од Битола поради примање поткуп

17/07/2025 16:40
Започнува реализацијата на нов инфраструктурен проект во Индустриската зона Новаци IMG_2226 2
  • Вести
  • Македонија

Започнува реализацијата на нов инфраструктурен проект во Индустриската зона Новаци

17/07/2025 15:15
Во основните училишта во општина Могила ќе бидат поставени прочистувачи за воздух IMG_2225 3
  • Вести
  • Македонија

Во основните училишта во општина Могила ќе бидат поставени прочистувачи за воздух

17/07/2025 15:07
Битола доби 65 проекти од вториот повик на Владата IMG_2223 4
  • Вести
  • Битола инфо

Битола доби 65 проекти од вториот повик на Владата

17/07/2025 14:53
Активни три пожари, еден е под контола, а 17 се изгаснати pozar-opsta-sumski-nasha-1024x684-1 5
  • Вести
  • Македонија

Активни три пожари, еден е под контола, а 17 се изгаснати

17/07/2025 08:29

Можеби сте пропуштиле

IMG_2228
  • Вести
  • Битола инфо

Лишена од слобода докторка од Битола поради примање поткуп

Шеталиште 17/07/2025 16:40
IMG_2226
  • Вести
  • Македонија

Започнува реализацијата на нов инфраструктурен проект во Индустриската зона Новаци

Шеталиште 17/07/2025 15:15
IMG_2225
  • Вести
  • Македонија

Во основните училишта во општина Могила ќе бидат поставени прочистувачи за воздух

Шеталиште 17/07/2025 15:07
IMG_2224
  • Спорт
  • Фудбал

48-мо издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал во Могила

Шеталиште 17/07/2025 15:00

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање

2025 © Сите права се задржани