НАЈНОВО

Битола инфо

СВР Битола: 183 санкции само за викендот

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

Според соопштенеито на полицијата, на територија на СВР Битола изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкции, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 16 мерки за прекршоци кои ги прават прешаците како и 17 мерки за непрописно паркирани возила…
Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Поврзани новости