Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Шеталиште 11/07/2025 13:26
Bogdanka Kuzeska

Почитувани,

Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година.

Повеќе од 110 милиони денари ќе платат на приватна фирма за „визуелни идентитети“, столови со еко-кожа, тотеми, билборди, спотови, брошури, кетеринзи и престои на промотери цели 4 месеци  во Белград.

Луѓето во оваа држава едвај преживуваат, платите стагнираат, нема пари за Кочани, нема пари нови пожарникарски возила, нема пари за ништо освен за промоција на Мицкокси и Владата. За тоа нема проблем да има речиси 2 милиони евра.

Ова е чиста навреда за граѓаните. Владата со овој тендер ја покажува својата вистинска природа: луксузирана, одлепена од реалноста, во која министри и премиер си замислуваат дека народните пари се нивна сопственост за шетање по Белград и снимање спотови.

И не само тоа. Овој тендер, кој вклучува медиумски кампањи, спотови, билборди, реклами на социјални мрежи, банери, соопштенија и цела инфраструктура за промоција отвора сериозно прашање: дали овие 1,8 милиони евра од буџетот всушност се уште еден начин
Владата да си ја плати сопствената изборна кампања со пари од граѓаните?

Дали токму преку овие тендери Владата ќе си обезбеди медиумски простор, билборди, видеа и маркетинг кој ќе го користи за сопствена пропаганда пред и за време на изборите?

Ги прашуваме јавно: кој ќе одговара за ова расфрлање со нашите пари?

Ова не е влада на народот, ова е влада одлепена од реалноста, арогантна, без трошка чувство за одговорност кон граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните да видат на што се трошат нивните пари – да видат како Владата избра да се луксузира и да си прави промоции наместо да им помогне на оние кои секој ден се борат да преживеат.

Оваа ароганција мора да престане. Оваа скапа срамота ќе ја разоткриваме до крај и ќе бараме одговорност за секој денар потрошен за оваа бесрамна авантура на Владата.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Continue Reading

Претходно: Минчев: Усвоените реформски закони ќе значат крај за партиските вработувања, клиентелизмот и формалните реформи
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Со добро раководење на Буџетот, има и за ЕКСПО, и за плати, и за повредените од Кочани и за модернизација на опрема за справување со пожари

Поврзани вести

Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
policija-bt-1
  • Македонија

Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Шеталиште 07/10/2026 07:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани