Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Во Националната агенција Еразмус назначена за в.д директорка Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ

Шеталиште 12/08/2025 13:22
Jovica Jankovikj

Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми? Која патем управува со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус +, се вели во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ кое што МИА го објавува интегрално.

Пред десетина дена, поточно на 1 август, на местото в.д. директор на Агенцијата, без транспарентност и без консултација со Европската унија, е назначена Ана Михајлов.

Клучното прашање е што се крие зад назначувањето на Ана Михајлов на чело на Агенцијата која во минатото беше во самиот центар на најголемиот скандал во оваа институција?

Огласот беше поништен а причините за поништувањето останаа мистерија.

Ниту начинот ниту времето на назначувањето воопшто не е случајно.

Сега започнуваат локалните избори и најважно завршува истрагата за предметите што ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, ги достави до македонското обвинителство.

Токму во овие документи, според нашите информации од свиркачи осомничена е новата директорка, Ана Михајлов.

Ова е официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година, каде јасно е наведено дека постои основано сомневање за злоупотреба на над 2 милиони евра во периодот на претходната влада на режимот на Груески, за период кој започнува во 2016 година.

Како што е наведено, идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и пет земји-членки на ЕУ, сите дел од вмровската шема. Преку вмровските внатрешни кадри, вработени во агенцијата, протекувале информации за апликанти и евалуатори.

Надворешна фирма управувала со проекти на над 15 училишта, што претставува флагрантно кршење на грант-договорите.

ЈО се уште нема процесуирано обвинителен акт по овој целосно документиран предмет доставен на јавното обвинителство во 2023 г одина и повторно актуелизиран во 2024 година.

Од свиркачи внатре во Агенцијата СДСМ дознава дека власта прави силен притисок да се спречи истрагата на Јавното обвинителство.

Дали затоа што води токму до Ана Михајлов и нејзините најблиски фамилијарни и пријателски ангажирани евалуатори од ВМРО-ДПМНЕ?

Прашуваме:

Дали ова е причината да биде поништен претходниот конкурс за директор?

По кој критериум е назначена токму Ана Михајлов и зошто токму сега?

Дали зад назначувањето на Михајлов се крие вистинската намера на власта да ја блокира истрагата на ОЈО и ОЛАФ?

Ова е враќање на вморвската мафија во Агенцијата и јавноста очекува одговори.

СДСМ ќе ја продолжи оваа тема и ќе ја информира јавноста за сите детали и информации со кои располагаме за овој скандал.

Фото: СДСМ

 

Continue Reading

Претходно: Лефков: Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење?
Следно: ДУИ: Изборот на чаирчани е јасен, бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити

Поврзани вести

+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 1
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 2
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 3
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43
Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 4
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 5
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06

Можеби сте пропуштиле

75775
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

Шеталиште 08/10/2026 06:46
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43
policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани