Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за „Еразмус+“

Шеталиште 19/08/2025 14:12
SDSM-2-1024x576-1

Колку ниско е спремно да падне ВМРО-ДПМНЕ во обид по секоја цена да ја одбрани в.д. директорката штитејќи ги криминалните шеми во „Еразмус+“? Со оглед на лагите пласирани од партиската говорница, одговорот е премногу, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го пренесува целосно.

Дури и градоначалникот на Квадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев јавно ја демантираше сопствената партија.

Проектот за којшто зборува ВМРО-ДПМНЕ воопшто не бил за тренирање магариња, туку за практична обука и обука на ученици и наставници во земја членка на ЕУ, за стекнување вештини и поттикнување претприемашки капацитети, меѓу што и производство на сирење.

Во белата палата никако да научат дека не можат да го оттргнат вниманието на јавноста од злоупотребите поврзани со распределба на проекти преку „Еразмус+“ кои водат директно до ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот на ОЛАФ, доставен до Јавното обвинителство, јасно утврдува основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, во кои се инволвирани повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и уште пет земји-членки на Европската унија.

Дополнително, отворени се сериозни сомнежи околу тоа како биле распределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година, токму во време кога Ана Михајлов и нејзината кумашинка биле евалуаторки во Агенцијата.

Неопходно е да се истражат и наводите за улогата на првиот директор Бошко Нелкоски – ментор на актуелната в.д. директорка.

И најважното: во чии џебови завршија милионите евра европски пари?

Јасно е како ден дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад заштитата на овие милионски криминални шеми во Еразмус+.

Затоа, Јавното обвинителство мора да постапи веднаш – сите одговорни за овој скандал да бидат изнесени пред правдата и да понесат соодветна одговорност.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: веб-страница на СДСМ

Continue Reading

Претходно: Манасиевски: „Еразмус +“ како приватна фондација на СДС, доделени 205 илјади евра преку грантови на брат на нивен пратеник
Следно: Крис Прат во одбрана на министерот Кенеди: Не мора партијата да ми го одредува секој став

Поврзани вести

11-050
  • Македонија

Денес се празнуваат Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира

Шеталиште 11/05/2026 07:22
dozd-cador-1
  • Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

Шеталиште 11/05/2026 07:18
IMG_20260509_135003_890
  • Вести
  • Битола инфо
  • Спорт
  • Фудбал

Генерацијата 2011 година на ФК Пелистер со над 115 голови, убедливо први во Македонија

Димитар Петковски 10/05/2026 20:15
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус hantavirus11-1024x682 1
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

11/05/2026 11:28
Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети large (21) 2
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

11/05/2026 11:24
Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

11/05/2026 11:22
Од полноќ нови цени на горивата Горива-бензин-дизел-2-1 4
  • Економија

Од полноќ нови цени на горивата

11/05/2026 08:24
Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово 20260511094653_big_730x400_12 5
  • Прилеп инфо

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

11/05/2026 08:10

Можеби сте пропуштиле

hantavirus11-1024x682
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

Шеталиште 11/05/2026 11:28
large (21)
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

Шеталиште 11/05/2026 11:24
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

Шеталиште 11/05/2026 11:22
Горива-бензин-дизел-2-1
  • Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Шеталиште 11/05/2026 08:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани