Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

Шеталиште 20/10/2025 14:34
sdsm

Иако ова не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и раст во повеќе општини. Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намлува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а ја заголемува во однос на ЗНАМ и држи стабилна предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент се менува, се вели во соопштението на СДСМ, коешто МИА го објавува интегрално.

ВМРО-ДПМНЕ попусто се обидува да прикаже огромен триумф, кога реалноста е дека бројките покажуваат голем пад во довербата во владините партнери.

И покрај сите притисоци, уцени, поткуп и злоупотреба на сите полуги на власта, ВМРО-ДПМНЕ изгуби речиси 140.000 гласа од минатогодишните избори. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ падна дури и под резултатот од 2021 година. Заедно со ЗНАМ, владејачките партии изгубија над 155.000 гласови.

СДСМ ќе продолжи да работи на консолидација на партијата и победа во повеќе општини во вториот круг. Имаме солидни резултати во повеќе општини, но и места каде што во иднина мора да се работи за зголемување на поддршката. Со оглед на фактот што на овие избори имаше низа независни кандидати и листи кои, пред сè, одземаа гласови од опозицијата.

Во вториот круг СДСМ го зголемува својот коалиционен капацитет, коалицијата на СДСМ со граѓаните и со другите партии од опозицијата допрва ќе расте

На ВМРО-ДПМНЕ им порачуваме, наместо да се бават со СДСМ и бараат оставки, да се соочат со фактот дека нивните политики во изминатата година се катастрофални а падот на гласови се должи токму на тоа.

СДСМ продолжува веќе од утре со кампањата. Ги повикуваме сите наши членови и граѓаните кои гласаа за други кандидати што не влегоа во вториот круг, масовно да ја дадат поддршката за нашите кандидати.

Фото: МИА Архива

Continue Reading

Претходно: Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот
Следно: Колку е цената на билетот за ЛШ дуелот Магдебург – Е.Пелистер во Германија ?

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд baner_opstina 1
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

14/08/2026 09:00
Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните sovet-opstina-bitola 2
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

14/08/2026 08:54
Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“ DSCF8819_resized 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

14/08/2026 08:50
Со огромен трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани Pozar-bitolsko 4
  • Битола инфо

Со огромен трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани

14/08/2026 08:23
Значително подобрена ситуацијата со пожарот во Сивири – изгорени 350 хектари површина siviri-1 5
  • Балкан

Значително подобрена ситуацијата со пожарот во Сивири – изгорени 350 хектари површина

14/08/2026 08:21

Можеби сте пропуштиле

baner_opstina
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

Шеталиште 14/08/2026 09:00
sovet-opstina-bitola
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

Шеталиште 14/08/2026 08:54
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
Pozar-bitolsko
  • Битола инфо

Со огромен трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани

Шеталиште 14/08/2026 08:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани