Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Шеталиште 04/08/2025 12:55
jovica-jankovikj

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара на прашањето дали „Алказар енерџи“ има или не одобрение за градба? На овој начин ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека доаѓаат матни времиња во енергетскиот сектор. Договорања зад затворени врати со лични, приватни интереси на поединви од врвот на власта, истакна Јовица Јанковиќ од СДСМ на прес-конференција, што МИА ја пренесува во интегрална форма.

Денес, јавноста не знае ништо за инвестициите кои во енергетиката ги најавува ВМРО-ДПМНЕ и наводно тежат над 1.5 милијарда евра.

Клучните прашања се без одговор, граѓаните ништо не знаат.

Ако навистина станува збор за проекти од јавен интерес, зошто бегаат од одговорите? Нека излезат и нека кажат:

Кој е бенефитот за граѓаните?

Ќе биде ли струјата поевтина за граѓаните од берзанската?

Кој ќе ја гарантира цената ако повторно, како во енергетската криза, скокне над 500 евра за мегават-час?

Нема одговори затоа што очигледно за жал во позадина се кријат лични бизнис интереси.

Фактите говорат дека ЕСМ во 2024 година произведе помалку, околу 3.600 GWh, а оваа година бројките се уште полоши.

Казанџи, според најавите на Мицкоски, ќе произведува 4.100 GWh, а Алказар – над 1.200 GWh.

Со други зборови, државната ЕСМ ќе го изгуби приматот како најголем производител во земјава. Тоа ли е интересот на граѓаните?

Кој ќе ја гарантира евтината струја за домаќинствата, која сега ја обезбедува ЕСМ?

Очигледно е – од овие нетранспарентни договори бенефит ќе имаат само блиски до власта, не и граѓаните. Нема ниту еден аргумент како овие проекти ќе го подобрат животниот стандард или ќе донесат развој за државата.

Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да излезе пред јавноста со конкретни бројки и детална пресметка:

-Колкав е јавниот интерес? Кој е финансискиот ефект за граѓаните и буџетот од овој проект?

И повторно бараме:

Јавно објавување на дозволата за градба за „Алказар енерџи“, на чиј „почеток на градба“ присуствуваше премиерот Мицкоски. Ако ја има.

Ги повикуваме надлежните институции по допрен глас, да го истражат овој случај.

Нема скриени зделки за сметка на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Continue Reading

Претходно: Првични информации за можните спецификации на „Плејстејшн 6“
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС во опозиција

Поврзани вести

20-050
  • Македонија

Денеес се празнува спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Шеталиште 20/05/2026 07:28
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Променливо облачно со ветер и услови за дожд

Шеталиште 20/05/2026 07:25
dozd-1
  • Македонија

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид

Шеталиште 20/05/2026 07:24
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Денеес се празнува спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим 20-050 1
  • Македонија

Денеес се празнува спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

20/05/2026 07:28
За период од пет години, трошоците за живот станале двојно поскапи – синдикалната минимална кошница пораснала за 103% market-kosnicka 2
  • Економија

За период од пет години, трошоците за живот станале двојно поскапи – синдикалната минимална кошница пораснала за 103%

20/05/2026 07:27
Променливо облачно со ветер и услови за дожд oblacno-vreme-1 3
  • Македонија

Променливо облачно со ветер и услови за дожд

20/05/2026 07:25
Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид dozd-1 4
  • Македонија

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид

20/05/2026 07:24
Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Турција zemjotres-45-1 5
  • Свет

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Турција

20/05/2026 07:24

Можеби сте пропуштиле

20-050
  • Македонија

Денеес се празнува спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Шеталиште 20/05/2026 07:28
market-kosnicka
  • Економија

За период од пет години, трошоците за живот станале двојно поскапи – синдикалната минимална кошница пораснала за 103%

Шеталиште 20/05/2026 07:27
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Променливо облачно со ветер и услови за дожд

Шеталиште 20/05/2026 07:25
dozd-1
  • Македонија

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид

Шеталиште 20/05/2026 07:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани