Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Министерството за здравство го крие повлекувањето на д-р Кедев од здравствениот совет за проверка на случаите на непотребните операции на срце

Шеталиште 01/02/2026 14:35
Simona-Cvetanovski

Повлекувањето на Сашко Кедев од здравствениот совет на Министерството за здравство е голем скандал, изјави на денешната прес конференција Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, што Шеталиште ја пренесува интегрално.

Се разоткрива и целото сценарио против претседателот Филипче.

Ништо не е случајно.

Повлекувањето на Кедев е примено во Министерството за здравство на 23 јануари.

Како причини тој наведува незадоволство од „започнатите контролни процеси“. Медиумите пак пренесуваат дека меѓу забелешките е работата на комисијата која треба да ги продолжи проверките на случаите на непотребните операции на срце.

Зошто датумот на повлекувањето на Кедев, 23 јануари е важно?

Прво затоа што се случува само два дена откако Обвинителството отворило предмет, наводно „по допрен глас“ за клеветите на Жан Митрев против Филипче. Тоа е 21 јануари.

Министерот ја крие оставката на Кедев и за медиумите вели дека не е пристигната.

Најстрашниот скандали во македонското здравство беше објавен во ноември 2025 година токму од Кедев.

Два и пол месеци ништо не се случува. Одговорност нема за никого, нема кривични пријави.

Не се објавени инволвираните, лекарите, кои се приватните клиники каде се вршеле непотребните операции.

Како два месеци да се поминати во заташкување на скандалот. Ништо друго.

И сега, поминуваат два и пол месеци, излегува Жан Митрев на Алфа ТВ со клевети кон претседателот Филипче.

Проаѓаат неколку дена и Обвинителство отвора предмет наводно „по допрен глас“.

Само неколку неколку дена од овие клеветнички изјави и по два дена од одлуката на Обвинителството се повлекува Кедев на 23 јануари.

Случајно? Ништо не е случуајно.

Ова ли е „ чувството на премиерот Мицкоски кој во македонското Собрание држи говори каде дели задачи на обвинителството и судството?

Ова е огромен скандал.

Клучното прашање е дали Жан Митрев излезе со клевета против претседателот Филипче заради ова? За владата да го повлече Кедев и целиот случај за скандалот со операциите да се заташка?

Ова ли е цената што треба сите да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност?

Зошто др Жан толку долго чекаше? Зошто сам не отишол во Обивнителство?

Дали се чекаше ова? Да добие време да се извлече, да се сокријат трагите?

За ваков скандал никој нема право да молчи и да калкулира.

Нашата порака е дека ќе одговарате, сите до еден.

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена
Следно: Манасиевски: Трендафилов призна дека СДС и Левица стојат зад протестите на ССМ

Поврзани вести

dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42
dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51
dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани