Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да растат, Македонија четврта најсиромашна држава во Европа

Шеталиште 15/08/2025 12:41
SDSM-2-1024x576-1

Додека Мицкоски анализира граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Имено податоците велат дека за последните три месеца потрошувачката кошничка пораснала за над 2 илјади денари. Односно секој граѓанин во Македонија е посиромашен за 2 илјади денари во рок од три месеци. Само минатиот месец Македонија забележа инфлација од околу 5 проценти што значи дека од месец во месец екстремно се намалува вредноста на платите и пензиите кои ги земаат македонските граѓани, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Во исто време Владата не превзема никакви мерки за да го подобри животниот стандард на граѓаните. Мицкоски не само што не нуди решенија туку го одби понуденото решение на СДСМ за покачување на минималната плата на 500 евра.

Владата ги излажа и пензионерите чие законско зголемување на пензиите го намали.

Во време кога македонските едвај го поминуваат месецт, илјадници евра се давата за непродуктивни трошоци како анкети, изнајмени авиони и егзотична храна.

За иронијата да е уште поголема денес Мицкоски ги навреди сите граѓани посочувајќи дека платите во Македонија не растат затоа што не расте продуктивноста на македонскиот работник.

Неработници не се македонските граѓани туку Владата која го донесе граѓанинот на работ на сиромаштијата со својата неспоснобност, некапацитетност и неработење.

На секојдневните јавни настапи „отворајќи“ чешми и други „мега-проекти“ Мицкоски се фали со имагинарни успеси во недостиг на реални резултати кои би го подобриле животот на македонскиот граѓанин.

СДСМ јавно го прашува премиерот каде се инвестициите со кои се фали?

Доколку навистина постојат наредниот пат нека се потруди нека ги научи на памет и нека ги посочи со име и онака не се премногу за да ги запамети.

Изјавите како четврта економија во Европа, шеста економија во свет по инвестиции се само резултат на розовите очила кои очигледно ги носи премиерот.

Реалната слика е следна, Македонија е четврта во Европа, но одзади и тоа на листата на најсиромашни земји во Европа.

Македонија се наоѓа на четвртото место меѓу најсиромашните европски држави, според најновите податоци за бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител. Според анализите, БДП по жител изнесува 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ (PPP) – 19.290 долари.

Ова е резултат пред се на безидејноста на македонската Влада која ја закочи европската иднина на државата, а младите просперитетот го гледаат надвор од своето родно место.

Само минатиот месец имаме покачување на невработеноста за 2900 лица, а во мандатот на Владата на Мицкоски имаме повеќе од 32 илјади затворени работни места.

Најголем дел од овие луѓе ја напуштиле државата и си заминале по белиот свет да побараат подобра шанса за успех и просперитет.

За жал ниту еден фејк статистички податок овие млади луѓе нема да ги врати назад.

СДСМ 

Continue Reading

Претходно: Кампања на МВР и РСБСП за безбедно возење е-тротинети
Следно: Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра, СДС и Филипче должат одговори

Поврзани вести

11-050
  • Македонија

Денес се празнуваат Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира

Шеталиште 11/05/2026 07:22
dozd-cador-1
  • Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

Шеталиште 11/05/2026 07:18
IMG_20260509_135003_890
  • Вести
  • Битола инфо
  • Спорт
  • Фудбал

Генерацијата 2011 година на ФК Пелистер со над 115 голови, убедливо први во Македонија

Димитар Петковски 10/05/2026 20:15
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус hantavirus11-1024x682 1
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

11/05/2026 11:28
Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети large (21) 2
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

11/05/2026 11:24
Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

11/05/2026 11:22
Од полноќ нови цени на горивата Горива-бензин-дизел-2-1 4
  • Економија

Од полноќ нови цени на горивата

11/05/2026 08:24
Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово 20260511094653_big_730x400_12 5
  • Прилеп инфо

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

11/05/2026 08:10

Можеби сте пропуштиле

hantavirus11-1024x682
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

Шеталиште 11/05/2026 11:28
large (21)
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

Шеталиште 11/05/2026 11:24
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

Шеталиште 11/05/2026 11:22
Горива-бензин-дизел-2-1
  • Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Шеталиште 11/05/2026 08:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани