Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

Шеталиште 03/08/2026 08:51
sdsm

Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата – но тие се тајна. Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани? Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“, велат од СДСМ во соопштение што МИА го објавува интегрално.

Да потсетиме:

•  Христијан Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“.

•  Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека националниот идентитет, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани.

•  Истиот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е одлична работа – не само за безбедноста на граѓаните, туку и за странските инвеститори (кои ги избркаа – инвестициите паднаа за 60% откако ВМРО-ОКГ ја превзеде власта).

Значи сите тројца го потврдија успехот на претходната влада и ја пофалија нејзината дипломатија.

За какви „попуштања“ зборува Муцунски?

Нивните лаги повеќе не се ни креативни. Нема веќе материјал за креативност.

Граѓаните ги прочитаа.

И уште нешто важно: претходната влада на СДСМ, покрај дипломатските успеси (НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), беше пред сѐ транспарентна.

Не работеше зад затворени врати и далеку од очите на јавноста.

Единствена „тајна“ беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас – истата што продолжува и денес.

Прашањето до граѓаните на Македонија е едноставно:

После сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, после сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат – Дали му верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во име на граѓаните и нивната иднина?

Дали му верувате на Мицкоски?

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Во изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
Следно: Интервју на министерот Муцунски за МИА: Од ЕУ слушаме и поинакви пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на нашиот европски пат

Поврзани вести

20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

Шеталиште 07/08/2026 08:28
Ministerstvo-za-zdravstvo
  • Македонија

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Шеталиште 07/08/2026 08:23
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани