Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Нема учебници, не работи е-дневник

Шеталиште 04/09/2025 14:00
Jovance-Manaskov

Образованието и учениците денеска во Македонија денеска ја плаќаат цената на неспособноста на  министерката Весна Јаневска. Тотален хаос во образованието на почеток на учебната година особено со учебниците, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Јованче Манасков, што МИА го пренесува интегрално.

Иако Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа дека сите деца ќе имаат нови учебници, вистината е поразителна, Мицкоски и Јаневска излажаа.

Недостасуваат многу учебници, учениците воопшто немаат учебници за голем број предмети, а и тие што ги има се искинати, распарталени или половични.

Нема учебник по математика за 8 мо одделение, во голем дел на училиштата се поделени само дел, некои деца добија некои не, мора да ги делат.

Историја учебик за 8 мо исто така нема, па на Вибер е споделен електронски учебникот за да си го принтаат родителите.

Фалат учебници и по хемија и физика, нема учебници ниту по странски јазици, а состојбата во стручните училишта е уште полоша.

Ниту во средните училишта нема учебници, особено за прва година.

Речиси по сите стручни предмети нема учебници, управно процесно, правно и државно уредување.

Учебници има само од прво до трето одделение, а за останатите ученици е тотален хаос. За четврто и петто одделние речиси и да нема учебници.

Јаневска тврдеше дека секое дете ќе добие нов учебник, а ниту тоа ветување не е исполнето.

Јаневска го претстави новиот е-дневник како „унапреден систем со вештачка интелигенција“. А во реалноста пораз, системот е блокиран.

Наставниците не можат да работат, системот блокира, не снима податоци и не прифаќа информации.

Стариот е-дневник е затворен, а никој не знае каде завршиле податоците на учениците.

Поголем дел од наставниците сè уште немаат пристап, а учебната година веќе започна.

Наместо да се обучат наставниците, тие се оставени сами да се снаоѓаат во целосен дигитален хаос.

Во исто време, наставниците во повеќе региони седат дома без плата и без часови, бидејќи министерката не успеала навреме да ги потпише согласностите. Тоа е директен удар и врз наставниците и врз учениците.

Ова не е „унапредување“, ова е деградација на образованието и понижување на наставничката професија.

За овој хаос одговорноста е кај министерката Весна Јаневска која треба да замине од оваа позиција за да се спаси образовниот процес.

Доста е со експерименти на грбот на децата. Образованието не смее да биде заложник на популизмот и неспособноста на Весна Јаневска.

Прес конференција на СДСМ, Јованче Манасков – комисија за образование

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Continue Reading

Претходно: Петровска: Законот е јасен, АНБ ги декласифицира документите
Следно: МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Поврзани вести

20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

Шеталиште 07/08/2026 08:28
Ministerstvo-za-zdravstvo
  • Македонија

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Шеталиште 07/08/2026 08:23
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани