Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Паднаа маските, Игор Ивановски призна дека платформата ЗНАМ 2,0 е за рушење на СДСМ

Шеталиште 05/07/2026 09:52
Proekt Znam-2.0

„Денеска паднаа сите маски. Јавно, на телевизија, пред сите граѓани, челнови и симпатизери на СДСМ, Игор Ивановски Шема призна дека платформата не е за никакви „разговори за иднината“ на Македонија туку за рушење на СДСМ од внатре“, се вели во соопштението на СДСМ кое Шеталиште го пренесува интегрално.

Ивановски го призна тоа што СДСМ со месеци наназад го говори.

Иако често звучеше како Мицкоски кога зборува во македонското Собрание, и кога на „Венко и неколкумина околу него„ им се закануваше. Очигледно Фројд работи.

Она што од денеска на сите членови на СДСМ им е кристално јасно е дека намерата на платформата ЗНАМ 2.0 е само во корист на ВМРО.

Ивановски денеска во име на платформата промовираше уназадување на демократијата во СДСМ.

Највисокиот демократски чин во СДСМ, за избор на претседател со директно и непосредно гласање на членовите на партијата да се укине.

Зошто некој би ја враќал партијата назад, зошто би сакал да им се укине на членовите правото на глас, директно да одлучуваат за својата партија?

Како што зад затворени врати „дебатираа“ пред некој ден во скап хотел, така ли сакаат да го бираат и претседателот на СДСМ?

Како некој зборува за внатрешна демократија а промовира помалку демократија?

Одговорот е едноставен. Затоа што овие предавници одработуваат за Мицкоски и немаат никаква поддршка од членството на СДСМ.

Знаат што ќе им се случи да излезат пред членството -дебакл. Затоа и се кријат зад затворени врати.

Силата на гласот на членовите им смета на ЗНАМ 2.0.

Големината на СДСМ е во секој член. За Венко Филипче на последните директни и непосредни избори гласаа над 18.000 членови.

А тие на трибина донесоа луѓе од друга партија да „дебатираат“ за внатрешната организација на СДСМ.

На сите веќе им е кристално јасно, ЗНАМ 2.0 е проект на Мицкоски, нова епизода од старата серија ЗНАМ, само во ново пакување.

СДСМ е силна, овие обиди нема да успеат, ќе ги победиме сите сателити и одработувачи на Мицкоски и неговата криминалната организирана група.

И покрај нарачените анкети, трендот на раст на СДСМ повеќе не може да се сокрие. Дури и во овие платени истражувања од власта, каде што се обидуваат да го спуштат рејтингот на СДСМ, јасно се гледа огромниот пад на поддршката за ВМРО и постојаниот раст на довербата во новото раководство на СДСМ, разликата е намлаена за 4,8 ПП.

Новата платформа ЗНАМ 2.0 може колку сака да зборува за пад на СДСМ, но сите показатели говорат спротивно – новото раководство ја врати репутацијата и довербата кај своите гласачи, а и покрај сите напори да се урне партијата, СДСМ е денес посилен отколку пред неколку месеци и штотуку почнува да расте.

Заедно со сите учесници на Фронтот за вистина и правда, СДСМ се враќа на местото кое му припаѓа и наскоро ќе стане најсилната политичка опција во Македонија.

Извор: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Зеленски разговараше со Трамп и повика на „решителност“ од САД за прекин на војната
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДС затоа го блокираат Изборниот законик

Поврзани вести

IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5271
  • Култура
  • Настани

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

Шеталиште 16/07/2026 16:58
IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани