Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ

Шеталиште 16/05/2026 10:35
SDSM-2-1024x576-1

По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Гордана Сиљановска дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата, дека јазикот, културата и македонскиот националент идентитет се апсолутно заштитени и дека НАТО е нешто најдобро што Македонија го добила бидејќи обезбедува апсолутна безбедност и создава клима за инвестиции, остануива фактот дека Мицкоски и неговата криминална организација не направија ништо на полето на завршување на реформската агенда повеќе од две години, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Сега бараат алиби, бидејќи до 1 јуни останаа 15 дена и тие не можат да ги исполнат преостанатите точки, бидејќи за неколку точки им беа потребни 2 години.

Сега најавува Мицкоски дека ќе испорача 9,5 од 10, или сепак 7 или 8 точки. Бројките одат како томбола. Никому не му е јасно освен нему, кој по кој знае кој пат ЛАЖЕ!

Никому веќе не му е јасно освен дека бара алиби за да се оправда за неисполнувањето на реформите.

Но Мицкоски не сака да ја каже главната работа. Без измени на Уставот, без малцинства во Уставот, нема ни 7, 8, ниту 9,5 или 10 исполнети. НЕМА НИШТО!

Она што го крие е дека без малцинства во Уставот нема поместување од мртва точка. Нема продолжување на ЕУ интеграциите без разлика на исполнувањето на останатите точки од агендата.

Прашањето на малцинствата не е прашање на Бугарите, тоа е прашање на сите малцинства во Македонија.

Ние не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ. Со сите 27 земји членки и услов се малцинствата!

Малцинствата не се само Бугари, туку и Срби, Хрвати, Роми, Бошњаци, Турци, Албанци… сите наши соседи, пријатели, колеги, роднини… сите тие се граѓани на Македонија.

Една од 10-те точки е Изборниот закон за кој Мицкоски рече дека ќе биде тема кон крајот на јуни!

Затоа му порачуваме на Мицкоски да не бара алиби за неисполнување на реформската агенда, туку да ги реши останатите точки до 1 јуни, како што вети, и да ги внесе малцинствата во Уставот за да продолжи процесот на ЕУ интеграции. Доста веќе лаги и манипулации со граѓаните.

Како што рече дека има мнозинство и дека тоа го докажал повеќе пати, како што рече дека сами без СДСМ ќе ги завршат реформите и дека СДСМ не им е потребен – нека ги завршат реформите.

Како што сè изгласа сам, без СДСМ, како што ја укина Техничката влада без консензус и меѓународната заедница, сега нека ги заврши сите точки од агендата. За Изборниот закон има, како што рече, време до крајот на јуни.

Нека престане да бара алиби, нека престане да g ЛАЖЕ граѓаните и нека го заврши тоа што го ветил!

Нека ги испратат документите за екстрадиција на Груевски, за да ѝ покажат на Европа и на граѓаните дека сакаат ЕУ.

Не можеме во ЕУ, а да штитиме бегалци, симболи на криминал и корупција во Македонија.

Мицкоски и неговата банда не сакаат ЕУ. Не сакаат европски закони, не сакаат европско правосудство, не сакаат Европско обвинителство, бидејќи тогаш мора да се одговара за криминал и корупција.

Тогаш нема наредување на обвинител од собраниската говорница, тогаш не може пораки да се испраќаат преку медиуми и не може телефонски да се бараат процеси. Тогаш обвинителот е независен како насекаде во ЕУ.

Не сакаат слободни медиуми, бидејќи тогаш нема лажни вести, измислени афери и навредување на политички противник. Нема труење на медиумскиот простор, туку – ВИСТИНА!

Мицкоски и криминалната група ВМРО и нивниот партнер од тендер коалицијата ЗНАМ не сакаат да одговараат.

Нека излезат и да им кажат на граѓаните на Македонија дека НЕ САКААТ ЕУ! Нека им ја кажат еднаш вистината, а не да лажат дека Преспанскиот договор не чини, да лажат дека ќе го вратат името и дека секогаш некој друг им е виновен.

Доста беа лагите на Мицкоски и неговата банда! Ние алиби нема да им дадеме.

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност.

Центар за комуникации на СДСМ

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ
Следно: Саботно „корзо“ на битолчани (16.05.2026)

Поврзани вести

723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25
854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

Шеталиште 15/06/2026 09:04
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26
Се зголемува цената на горивата gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

15/06/2026 12:16
Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово Bebe 3
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

15/06/2026 12:14
Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki 4
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

15/06/2026 11:25
Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра 854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648 5
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

15/06/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

Шеталиште 15/06/2026 12:16
Bebe
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

Шеталиште 15/06/2026 12:14
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани