Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

Шеталиште 26/09/2025 11:06
Bogdanka-Kuzeska

Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа, наведува СДСМ во соопштение до медиумите што МИА го пренесува интегрално.

Три месеци по ред се намалува реалната нето-плата! Два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата!

Во мај 2025 просечната плата била 45 796 денари, а во јули 45 276 денари!

Тоа значи 520 денари пониска плата, во услови на повисоки цени на основните трошоци.

Намалувањето на реална плата значи дека стандардот на граѓаните опаѓа а расте сиромаштијата.

Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно.

Граѓаните со својата плата купуваат сѐ помалку, бидејќи цените растат, а примањата опаѓаат.

Едно просечно домаќинство не може да ги покрие основните трошоци за храна, сметки, превоз и лекови.

Ваквиот пад на стандардот е директна последица на неспособната на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и промашените економски политики.

Ова е влада која воопшто не се грижи за граѓаните и мисли само на својот луксуз.

Додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај владата на Мицкоски троши 180 илјади евра за бадеми и лешници, за папаја и манго, за луксузирање на функционерите врз грбот на народот.

СДСМ ќе продолжи да се бори за граѓаните, да предлага мерки и закони за раст на платите, за намалување на трошоците за живот и повисок животен стандард.

Одговор на новинарско прашање

Дозволете ми уште еднаш да потсетам јавноста дека ова не е предлог резолуција за препукување помеѓу политичките партии, туку е предлог резолуција за обединување.

Оставаме сите други политички партии да ја разгледаат предлог-резолуцијата, да се изјаснат за истата и секако после тоа и ние ќе коментираме.  Јас кажав, ова е предлог резолуција којашто е презентирана пред јавноста и е презентирана пред сите останати политички партии и секако оставаме време, како што кажавме, да ја разгледаат.

И уште еднаш ќе напоменам и мислам дека овој апел ќе стигне до сите затоа што станува збор за предлог резолуција којашто е за обединување, а не е за разединување и најмалку за политички препукувања.

Ова е предлог резолуција којашто е направена со сериозен пристап, со експерти и многу прецизна.

Затоа сакаме да оставиме време да ја разгледаат сите политички партии и после тоа да се произнесат, секако откако внимателно ќе ја разгледаат резолуцијата.

Затоа токму тоа го кажав, дека кога ќе се произнесат тогаш ќе знаеме и ние, секако, да се произнесеме по однос на реакциите и прифаќањата од страна на сите политички партии.

СДСМ

Continue Reading

Претходно: ДИК го заклучи Избирачкиот список – 1,83 милиони гласачи за локалните избори во октомври, 112.000 избирачи со право на глас од странство
Следно: Манасиевски: Соочени со фактот дека ја губат општината, СДС во Струмица шири страв и трепет

Поврзани вести

enis-bardi-instagram
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

Димитар Петковски 09/10/2026 05:06
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото) enis-bardi-instagram 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

09/10/2026 05:06
Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 2
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 3
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 4
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 5
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07

Можеби сте пропуштиле

enis-bardi-instagram
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

Димитар Петковски 09/10/2026 05:06
capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани