Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Цените продолжуваат да растат, најголем растот кај прехранбените производи

Шеталиште 09/11/2025 13:44
Bogdanka-Kuzeska

Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5%. Најголемо зголемување од 7% е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – основните производи без кои не може да живее ниту едно семејство, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, коешто МИА го објавува интегрално.

Цените продолжуваат неконтролирано да растат. За 2,8% се зголемени цените на мало во октомври годинава, споредено со истиот месец лани. Најголем раст има кај прехранбените производи – храната поскапе за 6,7%, овошјето и зеленчукот за 4,3%.

Растот на инфлацијата и цените е јасен показател дека економските политики на власта се промашени и без никаков резултат. Сметката ја плаќаат граѓаните.

Платите и пензиите не го следат растот на трошоците за живот. Ова е клучен показател дека секој ден животот станува сè поскап за македонските граѓани. Тие се принудени постојано да кратат, да пресметуваат, да избираат што нема да купат – затоа што приходите не им стигаат.

Ова е реалноста. Ова се вистинските проблеми на граѓаните.

Трагично е што власта не ни помислува на покачување на платите. Додека во регионот платите растат, ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги покачи. Ветуваа повисок животен стандард и плати, а денес Мицкоски не сака ни да слушне за зголемување на минималната плата барем на 500 евра.

Власта не прифати ниту еден од конкретните предлози на СДСМ – ниту предлогот за 500 евра минимална плата, ниту укинување на ДДВ за прехранбени производи.

И така продолжува – во новиот Буџет за 2026 година не е предвидено зголемување на минималната плата на 500 евра, ниту мерки за намалување на цените. Тоа значи дека цела следна година граѓаните и работниците може да очекуваат уште поскап живот, а Владата нема да преземе ништо.

Сега е јасно: на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара граѓаните да живеат сè полошо. Ова е стратегија за ослабување на нивната економска моќ, за ширење очај и разочараност. Целта е да ги обесхрабрат граѓаните и работниците да бараат подобри плати и приходи. Да ги прифатат политиките на ниски стандарди и евтина работна сила.

Но граѓаните ова го препознаваат. Јасно ѝ порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да молчи – и нема да молчат ниту граѓаните. Нивната намера е прочитана, а стратегијата ќе им се удри од глава.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт расте само стандардот на профитерите. Расте експлоатацијата на работниците и сиромаштијата на граѓаните. Ништо друго добро не се случува во државата.

СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни политики кои обезбедуваат подобар живот за сите.

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Гаши во Турција ја прими Глобалната награда за дипломатија
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Со ова раководство, СДС нема кредибилитет да говори за економски политики

Поврзани вести

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани