Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Шеталиште 23/08/2025 12:44
Bogdanka-Kuzeska

Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари.

Преку фирми блиски до власта, систематски се испумпуваа пари од граѓаните. Најочигледен доказ за тоа е фактот дека едни исти фирми, и во општините и во државните институции, добиваат милионски тендери и речиси секогаш се јавуваат како единствени понудувачи. Тоа не е конкуренција, тоа е корупција во најчиста форма.

Додека јавните пари се трошат за партиски бизнис шеми, ВМРО-ДПМНЕ ги удри граѓаните по џеб. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ воведе поскапи сметки за вода, канализација, смет и го зголеми данокот на промет.

Прилеп, Штип, Охрид, Битола, Ѓорче Петров, Бутел, Неготино, Гевгелија, Велес, речиси и да нема општина водена од ВМРО-ДПМНЕ каде не се покачени сметките за граѓаните .

Наместо да ги олеснат животите на луѓето, тие ја зголемија цената на секојдневието, оставајќи ги граѓаните со повисоки давачки и со посиромашни општини.

А сликата на општините под капата на ВМРО-ДПМНЕ е срамна: улици полни со ѓубре, сообраќаен хаос, никакви инфраструктурни решенија, ниту еден сериозен проект за подобар живот. Наместо развој, видовме само застој и назадување.

На ова се надоврзува долгиот список на неисполнети ветувања. Изборните програми остана само на хартија, а граѓаните добија четири години изгубено време.

Најголемиот пример за оваа катастрофална локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е токму главниот град Скопје.

И во Скопје 4 години ВМРО-ДПМНЕ е локална власт: нивни партиски луѓе како Перински, Христовски, Велковски, Славевски, управуваа со јавните претпријатија во Скопје, со Советот на Градот, со сите полуги на локалната власт.

После 4 години Скопје е симбол на хаос во јавниот превоз, со нечисти улици и смет на секој чекор, со ниту еден нов капитален проект, јавните претпријатија пред распад и тотално нефункционални.

Дополнително, Скопје е задушен град од сообраќаен хаос и урбано дивеење.

Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран јавен простор, загрозена безбедност и уништен урбанистички ред.  Тоа е сликата на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ.

Клучното ветување за бесплатен градски превоз во Скопје никогаш не се реализираше. Ги нема ниту ветените 250 еколошки автобуси, нема ниту модерен еколошки транспорт.

Ова е слика на целата локална власт на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија: неспособна, корумпирана и целосно оддалечена од потребите на граѓаните.

Наместо локалната самоуправа да биде сервис на народот, тие ја претворија во сервис за сопствени интереси и партиски привилегии.

Почитувани, четирите години докажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ја има најнеспособната и најкорумпираната локална власт досега.

Затоа, локалните избори се шанса за клучни промени на локално ниво. Шанса да се стави крај на четиригодишното разочарување на ВМРО-ДПМНЕ, на хаосот, нереализираните ветувањања, урбаната мафија и криминалот. Шанса да се вратат општините таму каде што им е местото: во служба на граѓаните.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

СДСМ

 

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: За четири години реконструирани се патишта во должина од над 770 километри, модернизирани се над 400 училишта, околу 70 градинки, завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени
Следно: Саботно „корзо“ на битолчани (23.08.2025)

Поврзани вести

soncevo-oblaci222
  • Македонија

Сончево со умерена облачност

Шеталиште 13/04/2026 08:41
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Шеталиште 13/04/2026 08:39
image-249756
  • Македонија

Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

Шеталиште 13/04/2026 08:38
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Сончево со умерена облачност soncevo-oblaci222 1
  • Македонија

Сончево со умерена облачност

13/04/2026 08:41
„Луфтханза“ во штрајк, откажани стотици летови во Германија Lufanza-avioni-730x375-1 2
  • Свет

„Луфтханза“ во штрајк, откажани стотици летови во Германија

13/04/2026 08:40
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата Granicen premin Bogorodica 3
  • Македонија

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

13/04/2026 08:39
САД воведуваат блокада на иранските пристаништа, цените на нафтата драстично се зголемија hormuz-delta-696x385 4
  • Свет

САД воведуваат блокада на иранските пристаништа, цените на нафтата драстично се зголемија

13/04/2026 08:39
Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник image-249756 5
  • Македонија

Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

13/04/2026 08:38

Можеби сте пропуштиле

soncevo-oblaci222
  • Македонија

Сончево со умерена облачност

Шеталиште 13/04/2026 08:41
Lufanza-avioni-730x375-1
  • Свет

„Луфтханза“ во штрајк, откажани стотици летови во Германија

Шеталиште 13/04/2026 08:40
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Шеталиште 13/04/2026 08:39
hormuz-delta-696x385
  • Свет

САД воведуваат блокада на иранските пристаништа, цените на нафтата драстично се зголемија

Шеталиште 13/04/2026 08:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани