Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Филм

Седмото продолжение на „Вресок“ го помести рекордот на гледаност

Шеталиште 02/03/2026 15:06
Vresok

Филмот „Вресок 7“(Scream 7) без тешкотии се искачи на врвот на листата на заработки од кино прикажување, симнувајќи го од првото место минатонеделниот шампион „Оркански височини“ (Wuthering Heights).

„Седмото продолжение на долгогодишната „слешер“ франшиза во петокот заработи 28,8 милиони долари, прикажувајќи се во 3.540 киносали ширум Северна Америка. Продукциската и дистрибутерска куќа Парамаунт Пикчрс (Paramount Pictures) заедно со Спајглас медиа груп (Spyglass Media Group) очекуваат заработка од 60 милиони долари до крајот на премиерата, што би претставувало најуспешно отворање во историјата на серијалот“, напиша специјализираното списание за филмската, телевизиската, музичката и забавната индустрија Варајети (Variety)

Во „Вресок 7“ се враќа ликот на Сидни Прескот, која повторно ја толкува Нив Кембел. Во новото продолжение, Сидни се преселува во малото гратче Пајнг Гроув со намера да започне мирен живот со својата ќерка, обидувајќи се да го остави зад себе насилното минато. Но нејзината надеж за спокој брзо се распаѓа кога маскираниот убиец Гоустфејс повторно се појавува, заканувајќи се дека ќе уништи сè што таа се обидела да изгради.

Покрај Кембел, во филмот настапуваат и дел од оригиналната актерска екипа: Кортни Кокс, Дејвид Аркет и Метју Лилард. Во актерската постава се и Изабел Меј, Џесмин Савој Браун, Мејсон Гудинг Ана Кемп, Џоел Мекхејл и Мекена Грејс.

Иако „Парамаунт Пикчрс“ се подготвува за значителен финансиски успех, патот до реализацијата на „Вресок 7“ бил исклучително турбулентен. Претпродукцијата имаше сериозни предизвици, меѓу кои и заминувањето на актерките Мелиса Барера и Џена Ортега, како и значајни промени во креативниот тим.

Оригиналниот сценарист на франшизата, Кевин Вилијамсон, ја презеде режисерската палка од Кристофер Лендон, што претставуваше една од значајните промени во продукцијата.

Дополнително, според „Варајети“, компаниите „Парамаунт Пикчрс“ и „Спајглас медиа груп“ морале да издвојат дури 7 милиони долари за да го обезбедат враќањето на Нив Кембел, откако актерката поради спор околу хонорарот одлучи да не учествува во претходниот филм „Вресок 6“.

Фото: Принтскрин

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Објавени новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ
Следно: МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток

Поврзани вести

IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
tkajaci-na-film
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 12/08/2026 07:43
default
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Караванот „Силно светнал ден“ создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 12/08/2026 07:34
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања Screenshot_20260813_070838_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

13/08/2026 05:10
Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10
Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 3
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 4
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 5
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани