Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Седум пожари и понатаму активни во државата, исто толку ставени под контрола

admin 22/07/2024 00:00
pozar-kondovo-helikopter-mvr

И понатаму активен е пожарот кај селата Брезница и Тажево, каде што гори квалитетна борова шума, а во борбата со огнот ангажирани се 15 вработени од „Јасен“, на кои им помагаат триесетина припадници на Армијата, како и неколкумина вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“

Од вкупно 29 пожари на отворен простор во последното деноноќие, седум се сè уште активни и тимовите на терен прават напори за нивно ставање под контрола, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според Центарот, активни се пожарите кај селата Селце и Пухче на територијата на општина Штип, во реонот на Армискиот воен полигон, високо над Криволак кон Пенуш. Овде, како што велат од ЦУК, има многу голема „фронтова“ линија на пожарот во кој е зафатена и гори ниска вегетација – смреки, трња, грмушки и нискостеблеста шума, претежно даб.

И понатаму е активен пожарот кај селата Брезница и Тажево, каде што гори квалитетна борова шума, а во борбата со огнот ангажирани се 15 вработени од „Јасен“, на кои им помагаат триесетина припадници на Армијата, како и неколумина вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Нивните напори, велат од ЦУК, се фокусирани на линијата кај реката-понорница Оча, пред Борова Брезница, да се спречи огнот да не се пробие кон внатрешноста на заштитеното повеќенаменско подрачје „Јасен“ кое е од посебно значење за државата.

Вчера, според соопштението на Центарот за управување со кризи, армиски хеликоптер од типот „ми-17“ и покрај двата обиди, не можел да дејствува поради многу густиот чад и други небезбедни услови за дејство.

Останатите четири активни пожари се на територијата на општината Чашка, кај селата Габровник, Мокрени и кај месноста Мукос, додека во општина Долнени пожари има кај селата Небрегово и Гостиражни, каде што е префрлен пожар од селото Богомила во општина Чашка.

Од ЦУК информираат дека под контрола се ставени седум пожари и се настојува да се доведат во фаза на локализирање, а потоа и да се изгаснат.

Станува збор за пожарите кај селата Фариш и Ораовец во општина Кавадарци, селото Калањево – општина Неготино, потоа два на територијата на општината Македонски Брод, еден на територијата на општина Пробиштип, еден кај селото Бадилен во општина Ново Село и еден во општина Чашка на планината Голешница на врвот Лисец.

Покрај овие пожари, надлежните во последното деноноќие интервенирале и изгаснале 15 пожари во населени места.

Continue Reading

Претходно: Фото: Луксузниот комплекс Голд Фелициа го прослави својот трет роденден
Следно: Повторно гужви и долги колони на најфрекфентните гранични премини

Поврзани вести

bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 1
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 4
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 5
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19

Можеби сте пропуштиле

large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани