Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда

Шеталиште 20/10/2026 08:08
semejstvo

Германија воведува нова шема за поттикнување на приватното пензиско штедење. Државата ќе му уплаќа на секое дете по десет евра месечно, а средствата ќе се инвестираат на пазарот на капитал за долгорочно да се зголеми нивната вредност.

Право на државна поддршка ќе имаат децата родени во 2020 година и подоцна. Уплатите ќе почнуваат кога ќе наполнат шест години и ќе продолжат до нивниот 18-ти роденден.

Така, за секое дете во текот на 12 години ќе бидат уплатени вкупно 1.440 евра. Условите за добивање на средствата се живеалиште во Германија и даночен идентификациски број.

Според пресметките на германското Министерство за финансии, при претпоставен просечен годишен принос од седум проценти, заштедата до полнолетството би можела да достигне околу 2.200 евра.

Доколку парите потоа останат вложени до 65-годишна возраст, без дополнителни уплати, износот би можел да надмине 53 илјади евра.

Сепак, станува збор за проекции, а не за загарантиран принос. Пресметките не ги вклучуваат идната инфлација и даноците, а конечната вредност ќе зависи од движењата на пазарот на капитал.

Родителите ќе можат да отворат индивидуална сметка кај лиценциран приватен давател на финансиски услуги, на која државата ќе ги уплаќа средствата на име на детето.

За државните уплати нема да смеат да се наплатуваат трошоци за склучување договор и дистрибуција. Родителите ќе можат и дополнително да уплаќаат до 6.840 евра годишно.

Ако родителите не отворат индивидуална сметка, средствата автоматски ќе бидат насочени во посебен државен фонд. Парите во него ќе се вложуваат само во широко диверзифицирани глобални акции или акциски фондови.

Средствата ќе бидат достапни за пензија, но и за купување дом

Заштедата е наменета за пензија и нема да може да се заложи, продаде или да биде предмет на присилна наплата. Исплатата, според основното правило, ќе почнува на 65-годишна возраст.

Исклучок е можноста по полнолетството средствата да се искористат за купување сопствен станбен простор.

Ако детето почине пред да наполни 18 години, заштедените пари и остварениот принос ќе може да ги наследи неговото семејство, наместо да ѝ бидат вратени на државата.

Лицата чии средства се вложени во државниот фонд ќе можат до наполнување на 35 години да побараат нивно префрлање во приватен пензиски договор. Ако не го сторат тоа, средствата ќе се вратат во сојузниот буџет.

Државните уплати и добивката од вложувањата ќе бидат ослободени од данок во периодот на штедење. Данок ќе се плаќа при исплатата на пензијата.

Германија за спроведување на програмата во првата година ќе издвои околу 200 милиони евра. Со вклучувањето нови генерации деца, годишните трошоци до 2030 година се очекува да достигнат 411 милиони евра.

За периодот од 2027 до 2030 година, вкупните буџетски издвојувања за мерката би изнесувале околу 1,2 милијарди евра.

 

МИА

Continue Reading

Претходно: Над 300 повредени на протестите во Албанија: Рама денеска најавува мерки против насилството
Следно: Македонците потрошиле 530 милиони евра онлајн за шест месеци

Поврзани вести

Screenshot_20261113_070138_Chrome
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Матеј Гаштаров: „Кога го носиме дресот на Македонија, не’ треба да бараме посебна мотивација, ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме“

Димитар Петковски 13/11/2026 06:07
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
17431119-01-2026elektriceniaparatzapolnenje
  • Свет

Во Европа електричен бум – продадени милиони нови автомобили на струја

Шеталиште 09/11/2026 09:27
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи 905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

13/11/2026 21:36
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни 2
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола 3
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

13/11/2026 15:35
Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година 4
  • Вести
  • Битола инфо

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година

13/11/2026 14:38
Од понеделник клиентите на „АЛТА банка“ ќе можат да ги користат услугите и во Прилеп Alta-banka-Bitola 5
  • Економија

Од понеделник клиентите на „АЛТА банка“ ќе можат да ги користат услугите и во Прилеп

13/11/2026 14:26

Можеби сте пропуштиле

905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Димитар Петковски 13/11/2026 21:36
20261112140115_big_730x400_18
  • Настани

Во Прилеп утревечер премиера на „Снежното кралство“

Шеталиште 13/11/2026 17:28
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

Васка М.Младеновска 13/11/2026 15:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани