Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Балкан
  • Кошарка
  • Спорт

Селекторот Хозе Мариа Берокал: : „Имаме квалитет, но тоа треба да го покажеме на теренот“

Димитар Петковски 26/08/2026 06:35
Screenshot_20260826_083413_Facebook

Македонската кошаркарска репрезентација го одработи првиот собир во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав, а токму ростерот со кој Македонија ќе настапи во Виена беше една од темите на разговор со предводникот на националниот тим.

Дали на средбата со Австрија ќе го видиме најдоброто можно издание на Македонија во овие претквалификации?

„Би се рекло дека е така, односно веројатно го имаме најдобриот ростер. Во овој момент имаме на располагање 14 кошаркари, практично речиси комплетен состав, со исклучок на Јакимовски.

Ова е краток, многу краток период за подготовки. Она што е добро за нас е што ги имаме играчите на кои сметавме. Секако, важен дел од сето ова е и тоа дека го респектираме противникот. Во секој тим има промени, но тоа е дел од кошарката.“

 

Берокал верува во квалитетот на своите избраници, но истовремено нагласува дека предноста мора да биде потврдена на теренот.

„Ќе победиме со Австрија ако одиграме подобро од нив, ако играме добра кошарка. Мислам дека треба да одиграме паметно и да играме заедно, затоа што имаме квалитет. Убеден сум дека можеме да бидеме подобри, но тоа треба да го покажеме на теренот.

Во оваа кратка седмица, вклучително и неделата, заедно со помошта која треба да ја добиеме од Нено, Мекиќ, Рајт, но како и секогаш – сè зависи од нас. Респектот кон противникот мора да постои, но фокусот треба да биде на нас и на нашата игра.“

Говорејќи за Австрија, шпанскиот стратег потенцира дека промените во ростерите се составен дел од репрезентативната кошарка и дека Македонија мора да биде концентрирана на сопствената игра.

„Во овој момент сите играат кошарка. Добра кошарка. Некогаш недостасува некој играч. Се сеќавам дека со Луксембург имавме таков случај токму ние. Некогаш ќе загубите некој играч, но во исто време ќе се појави некој друг кој ќе даде свој придонес во успехот.

Не играат имињата, на теренот се игра пет на пет. Без жалење за оние кои не се во моментот дел од тимот. Фокусот треба да биде на нас и на нашата игра. Ќе дадеме сè од себе. Можеби некои работи не можеме да ги контролираме, но можеме да се контролираме себеси.

Без оглед дали станува збор за Литванија или за Австрија, мора да се натпреваруваме како тим, како национален тим. Тие се добар тим и, како што реков, ги респектираме. Но, треба да играме со голема самодоверба за да ги зголемиме нашите шанси за конечен успех.“

Македонија продолжува со тренинзите во Скопје, во „Т Арена“, во пресрет на гостувањето во Виена. Берокал има јасна порака – нема простор за дополнителни калкулации, туку само за максимален фокус.

„Одиме ден по ден, натпревар по натпревар. Таков е и нашиот менталитет.

Continue Reading

Претходно: “Железното” момче Ален Рустемовски го победи албанскиот боксер Зенели и ќе се бори за медал (Видео)
Следно: Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани