Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
SEMM

До Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во текот на 2025 година беа поднесени 244 жалби за медиумски содржини, што е рекорден број претставки за една година. Од нив, 96 се разгледани од комисијата за жалби и се донесени 47 одлуки (за членови на СЕММ) и 43 мислења (за медиуми што не се членови на СЕММ), се вели во соопштението од СЕММ, што МИА го објавува интегрално.

За 145 претставки е оценето дека немаат основа за разледување поради поминат рок, непознат жалител или, пак, се однесуваат на странски медиуми за што комисијата за жалби при СЕММ нема надлежност. Најголем број од жалбите без основа за разгледување (над 130) се однесуваа за медиумското известување за трагедијата во Кочани, главно за странски портали и телевизии. Сите стигнаа во интервал од само неколку часа, на 21 март 2025 година, што претставува уникатен случај во досегашната работа на медиумското саморегулаторно тело.

Од разгледаните претставки, прекршување на Кодексот на новинарите е утврдено во 58 жалби, а во 32 е утврдено дека нема прекршувања на професионалните и на етичките новинарски стандарди. Шест жалби се решени по пат на медијација или со т.н пријателско решение меѓу жалителот и медиумот.

Најчестите подносители на жалби, со основа да бидат разгледани, (36), се во групата „политичари, носители на јавни функции и јавни институции“. 25 жалби се поднесени од граѓани, 22 од организации и здруженија од граѓанскиот сектор, 6 од медиуми или новинари, 6 од политички партии, а жалители од други категории имаат поднесено уште 4 жалби.
И во 2025, како и во претходните години, жалителите главно се поплакуваа на содржини објавени на интернет-порталите – дури 78 од разгледаните 96 жалби. На печатените изданија и нивното веб-издание се однесуваат 11 жалби, на веб-страниците на телевизиите – 6 жалби и една жалба е за телевизиска содржина.

Најчесто прекршувано правило од Кодексот на новинарите на Македонија и во 2025 година, според статистиката на СЕММ, е членот 1, кој од новинарот бара да објавува точни и проверени информации, со застапеност на втората страна. Потоа, според честотата на прекршување, следува членот 3, кој вели дека „новинарот ќе настојува да објави исправка, демант или одговор кога ќе биде утврдена неточност на информацијата“. На третото место, според бројот на прекршувања, е членот 10 од Кодексот, кој од новинарот бара да не создава, ниту преработува говор на омраза или дискриминација по која било основа.

Прегледот на статистичките бројки и трендови укажува на тоа дека расте довербата во медиумската саморегулација, односно дека сè повеќе индивидуалци и организации ја користат алатката за поднесување жалба како сопствен придонес за поквалитетни медиумски содржини и одговорно новинарство.

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието
Следно: „Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Поврзани вести

Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
policija-bt-1
  • Македонија

Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Шеталиште 07/10/2026 07:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани