Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Се вработуваат 400 привремени пожарникари кои се физички спремни

Шеталиште 07/07/2025 10:58
Gasenje Pozari

Ќе се вработат 400 привремни пожарникари кои ќе бидат распоредени во Противпожарните бригади на Општините, кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Месeчниот надоместок кој ќе го добиваат лицата е 24.000 денари. Тие ќе поминат обуки за гасење на пожарите, а најдобрите ќе бидат трајно вработени.

Огласот за вработување ќе го распишат Општините каде што има Противпожарни бригади. Нема да има оглас само во Општините Струмица и Кочани, кои не се пријавиле на повикот на Владата да учествуваат во оваа мерка за справување со пожарите.

Директорот Ангелов кажа дека овие вработување ќе бидат многу важни за справувањето со пожарите и ги повика сите млади луѓе кои се во добра физичка форма да се пријават на огласот.

„Ги повикувам оние кои бараат работа или сакаат работа со поголем предизвик да се пријават. Во Скопје е предвидено да бидат ангажирани околу 100 лица, кои ќе бидат вработени во тимовите за брз одговор за заштита и спасување,  а најдобите од нив ќе бидат потоа вработени во новата едници која планираме да ја формираме и ќе се вика Специјална единица за заштита и спасување. Можеби оваа сума од 24.000 денари не е голема, но сите кои ќе се покажат ќе може трајно да бидат вработени во Бригадите за противпожарна заштита. Кандидатите треба да бидат психофизички здрави, а луѓе со хронички болести, срцеви болести, проблем со шеќер не е добро да се пријават на овие огласи“, рече Ангелов.

Директорката на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Душица Перишиќ кажа дека во моментов во земјава има меѓу 700-800 пожарникари, а според стандардите за еден пожарникар на 1.500 граѓани потребни ни се 1.500 пожарникари.

„Со овие вработување пола од таа потребна бројка ќе се пополни“, рече Перишиќ.

Владата вчера промовираше 38 стари армиски и полициски возила кои беа пренаменети за гасење пожари. Ангелов денес рече дека дел од овие возила денеска се користат за гасење на големиот пожар кај Блаце и се покажале како многу ефикасни пренесува СДК. 

Continue Reading

Претходно: Ангелов: Состојбата со пожарите не е алармантна
Следно: Вкусна мусака на грчки начин

Поврзани вести

sv-vasilij
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

Шеталиште 09/05/2026 09:10
dozd-soobrakaj_1000_625-1
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

Шеталиште 09/05/2026 09:04
sin_nombre_hanta_virus_tem_phil_1136_lores.jpg-800x450
  • Македонија

Пановски: Хантавирусот постои со векови, но не се шири лесно меѓу луѓе

Шеталиште 08/05/2026 10:04
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 1
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 2
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 3
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04
Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!! Screenshot_20260508_120921_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!!

08/05/2026 10:10
Полиција во цивил ќе го чува училиштето „Стив Наумов“ во Битола — заканите од седмоодделенецот го вклучија алармот bitola-1536x666 5
  • Битола инфо

Полиција во цивил ќе го чува училиштето „Стив Наумов“ во Битола — заканите од седмоодделенецот го вклучија алармот

08/05/2026 10:10

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
sv-vasilij
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

Шеталиште 09/05/2026 09:10
dozd-soobrakaj_1000_625-1
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

Шеталиште 09/05/2026 09:04
mintkredit_900_x_600
  • Промо

За денови што се паметат: Од важен момент до нов почеток

Шеталиште 08/05/2026 11:33

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани