Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Се зголемуваат замрзнатите цени на доматите, краставиците, пиперките и кромидот, Владата донесе нова одлука

admin 11/04/2023 00:00
domati-2

Новите цени ќе почнат да важат по објавата на одлуката во „Службен весник“, а ќе се применуваат до крајот на месецот. На дневна база се контролираат цените на увозот врз основа на тоа што се пријавени и ако има потреба во текот на месецот дополнително ќе ги коригираме ако забележиме намалување на увозните цени, најави министерот
На прашањето зошто во маркетите нема за продажба домати и краставици, Бектеши рече дека од утре нема да има таква ситуација затоа што доколку трговците стоката ја чуваат како резерва ќе им биде земена и ќе добијат соодветни казни согласно Законот за трговија и за заштита на потрошувачите

Замрзнатите цени на доматите, краставиците, пиперките и кромидот ќе бидат зголемени откако Владата денеска донесе таква одлука, а ја образложи министерот за економија Крешник Бектеши.

Со новата одлука замрзнатата цена на доматите од 70 денари се зголемува на 95, краставиците поскапуваат од 75 на 95 денари, а пиперките поскапуваат за 10 денари, односно наместо по 90 сега ќе се продаваат по цена од 100 денари. За 10 денари поскапува и кромидот, кој сега ќе чини 70 денари. Според Бектеши, сите цени на овошјето и зеленчукот, кои се дел од одлуката на Владата, се ограничуваат до 100 денари, освен таа на леќата која е 110 денари.

Во делот на замрзнатите цени на овошјето, Бектеши рече дека тие се почитуваат и нема да има корекции, што значи дека бананите и натаму ќе бидат со цена до 70 денари, мандарините 60, а највисоката цена на портокалите и лимоните ќе биде 55 денари.

Корекцијата на замрзнатите цени на 11 вида овошје и зеленчук, според министерот, се должи на повисоките цени на овие производи кои биле прикажани во увозните фактури во периодот од 28 март до вчера во услови кога се уште нема домашно производство..

Новите цени ќе почнат да важат по објавата на одлуката во Службен весник, а ќе важат до крајот на месецот.

„Ова ќе важи до крајот на месецот. На дневна база се контролираат цените на увозот врз основа на тоа што се пријавени и ако има потреба во текот на месецот дополнително ќе ги коригираме ако забележиме намалување на увозните цени“,најави министерот.

Бектеши, исто така, рече дека контролите, кои изминатите денови ги вршеа Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Царинската управа, ќе продолжат, а се со цел да не бидат оштетени граѓаните, но и буџетот на државата и да се сузбива неформалната економија.

На прашањето зошто во маркетите нема за продажба домати и краставици, Бектеши рече дека тоа е истото што се случуваше и со продажбата на лебот.

„Но, од крајот на минатата недела има нова одлука која се применува од денеска, а се однесува на тоа дека сите трговци имаат обврска да продаваат 70 отсто од продажбата што ја имале во јануари и февруари. Од утре нема да има таква ситуација затоа што доколку трговците стоката ја чуваат како резерва ќе им биде земена и ќе добијат соодветни казни согласно Законот за трговија и за заштита на потрошувачите“,

најави Бектеши.
Тој рече дека никој не може да ги крие производите, а по утврдувањето на таквата состојба од Државниот пазарен инспекторат од пред неколку дена, денеска сите производи ќе бидат ставени на пазарот.

Министерот најави и дека се истражува како фактурите за увоз биле помали до 28 март, а сега има скок од 30 отсто.

На прашањето дали некој ќе сноси одговорност за фалсификување на фактурите на трговците и увозниците кои беа откриени и за колку е оштетен буџетот, Бектеши рече дека согласно неговите информации Царинската управа веќе ја има доставено документацијата со која располага до соседните држави, вклучувајќи ги главно Турција и Грција затоа што поголемиот увоз се прави од тие држави.

„Во случај навремено да ги добиеме сите одговори од нивна страна тогаш ќе излеземе и со проекции колку би можел да биде оштетен буџетот. Една работа можам да гарантирам дека оваа работа ќе оди до крај. Ова не значи дека треба да се направи контрола само во делот на увозниците или на трговците на мало, треба да се направи контрола на целиот синџир како влегуваат тие производи и начинот како е тоа направено, вклучувајќи и институции кои ги прават тие проверки, а зошто да не и вработени“, рече Бектеши.

Минатата недела Владата донесе одлука за замрзнување на цената на 11 вида овошје и зеленчук. Потоа донесе одлука со која трговците ги задолжи да прибавуваат 70 отсто од количествата кои ги продале во јануари и февруари годинава.

И оваа одлука, како и таа за замрзнување на цените ќе важи до крајот на април годинава.

Изминатите денови инспекторите од Државниот пазарен инспекторат излегоа на терен каде вршат надзори кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови, но и на Кванташкиот пазар. Од контролите беше утврдено дека фирмите имале доволно резерви на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и во февруари. За нив ќе следуваат казни од 800 до 10 000 евра.

Continue Reading

Претходно: Прилеп: 72-годишен дедо со “југо” yдpил 78-годишна баба
Следно: Велики петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, понеделник за сите граѓани

Поврзани вести

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања Screenshot_20260813_070838_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

13/08/2026 05:10
Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10
Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 3
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 4
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 5
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани