Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Се зголемува проблемот со песонал во прилепските угостителски објекти

admin 07/02/2023 00:00
FUN_3069-1

Се зголемува проблемот со недостиг од персонал во угостителските објекти во Прилеп. Најтешкиот месец за угостителите – февруари го продлабочи проблемот со недостигот од персонал, а сега и со преполовен број посетители во објектите. Ако лани, само преку летото, заминале над 7000 Македонци, главно во Хрватска, годинава и не може да се предвидат бројките. Особено што се заминува во приватна режија.

Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп вели дека во 80-те угостителски објекти со околу 600 вработени, има потреба за барем уште 200 угостителски работници.

– Зимата, особено февруари, е вообичаено тежок период за угостителството, а годинава уште повеќе. Проблемот е уште поизразен во хотелите и рестораните каде е неопходен попрофесионален кадар, отколку во кафулињата. На ова се додава проблемот со намалениот број гости. Мора да се признае, корона-пандемијата остави траги и намалено е дружењето во кафулињата, вели Момироски.

Долгогодишниот угостителски работник Драги Петкоски вели дека од Прилеп, главно, се заминува во Хрватска на сезонска работа. Секој има своја причина, посебно младите.

– Сезоната на заминување на келнери, готвачи и друг угостителски персонал почнува од април и е до септември. Се работи таму и до 14 часа да се заработи. Сметам дека и овде може да се заработи, јас сум долги години во угостителството. Но има и други причини, особено за младите кои сакаат да имаат подобар живот во европските земји, смета Петкоски.

Никој од угостителството не може да каже како да се реши проблемот со недостигот од персонал кој станува уште поизразен. Угостителите, вели претседателот на здружението „Меанџии“, Јорданчо Момироски, се снаоѓаат како знаат и умеат.

– Во сезонскиот период бараме и млади да работат, од учиишните клупи. Се користат некои програми од Агенцијата за вработување за преквалификација и обука, па така се снаоѓаме како знаеме и умееме. Никој не може да каже како да се најде конкретно решение. Има капацитети, некои наши колеги од земјава дури прават пренамена за да опстојуваат, а од друга страна,пак, тренд во последно време се маалските кафулиња. Сепак, проблемот со недостиг од персонал останува нерешен, вели Момироски.

Continue Reading

Претходно: Прилеп ќе обезбеди помош за настраданите во Турција
Следно: Втор меѓународен меморијален пинг-понг турнир „Илија Карески“ во Прилеп

Поврзани вести

venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Шеталиште 16/03/2026 17:32
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Русија се враќа на Венера venera-planeta 1
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

16/03/2026 17:36
АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга AEK 2
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

16/03/2026 17:33
СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените sdsm 3
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

16/03/2026 17:32
Од утре дожд и пониски температури dozd 4
  • Вести
  • Македонија

Од утре дожд и пониски температури

16/03/2026 17:30
Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настпат на баражот за Светскиот шампионат sedloski-press-001-1536x1044 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настпат на баражот за Светскиот шампионат

16/03/2026 13:16

Можеби сте пропуштиле

venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
chat-gpt-pexels-1068x712
  • Живот
  • Технологија

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Шеталиште 16/03/2026 17:35
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Шеталиште 16/03/2026 17:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани