Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Останати

Се одржа осмата планинска трка „ Чупино Winter Vertikal 2026“ – прилепчанецот Златко Карчески го освои првото место

Шеталиште 23/02/2026 07:17
20260222203942_big_730x400_70

Oд центарот на селото Блатец, виничко кон врвот Чупино на 1725 метри надморска височина денеска се одржа 8 – та по ред планинска трка „Чупино Winter Vertikal 2026“ на која учествуваа 160 – тина планинари и рекреативци од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Грција, САД и Австрија кои истрачаа 5 километрти во еден правец, со висинска разлика од илјада метри.

Во напорната планинска   трка со снег на планината, отежната видливост и многу стрмна и напорна  патека, првото место во силна конкуренција  кај жените го освои Елена Каранфилоска, а кај мажите Златко Карчески.

Како што информира за МИА,организаторот на трката од Здружението за планински спортови „Чупино Треил“ Дарко Атанасов, целтта на трката   е кај граѓаните да го  поттикнат планинското трчање макар рекреативно како  и   престој на чист воздух во природа, а посебно кај младите.

-Целтта на оваа планинска зимска трка која веќе е традиционална од 2019 година наваму, сакаме преку неа да се развиваат планинските спортови ,да го поттикнеме интересот кај граѓаните, а посебно кај младите да водат здрав живот. Воедно и инциираме планинарењето како спорт да се воведе во наставата кај учениците, на часовите по физичко, вели тој.

Воедно во рамките на трката се одржа и еколошки  протест на жителите на село Блатец, а  за спас на реката Блатешница на која се планира изградба на хидроцетрала.

Протестот под слоганот „Живот даваме Блатешница НЕ, а со повеќе пароли испишани на транспаренти кои ги носеа жителите , а во рамките на трката се одржа денеска  во центарот на Блатец , а го организира Месната заедница на Блатец поддржани од организаторите на трката Здружението за планински спортови „Чупино Треил“.

Воедно денешната трка денеска заврши со музичка програма,топол чај и топло вино,овошје и највкусната  „Бора чорба“ подготвена од многу зеленчук од Борче Пешов и неговата сопруга Оливера, а  кои секоја година ја подготвуваат и бесплатно им  ја делат на учесниците и гостите.

Воедно во музичкиот дел настапија DJ Erick,Float,The Hounds.

Инаку на празникот Голема Богородица 28 август на истата патека се одржува  летната трка „Cupino Vertikal“ а организаторите ја планираат  да се одржи и годинава.

Воедно   двете трки секоја година така и овојпат беа  поддржани и од многу спонзори меѓу кои предничи фирмата „Vincini“ а своја поддршка на учесниците и гостите ии денеска им дадоа  и младите волонтери од Општинската организација на Црвен крст Виница.Тие  на учесниците  и гостите им  делаа  храна и топли напавки чај со органски мед  и сокови и вода,, јаткасти плодови и сушено овошје и многу слатки производи од спонзорите.

 

 

 

 

 

Фото/извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Денеска започнуваат велигденските пости
Следно: Маската „Весела фарма“ е најдобрата на прилепскиот карневал „Прочка“

Поврзани вести

eng_screen-with-logo-1536x864
  • Спорт
  • Македонија
  • Останати

ФФМ и ОУРЦ „Иднина“ се придружуваат на глобалната кампања #TotalAccess Week на AccessibAll

Димитар Петковски 14/03/2026 06:59
34567898765432
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Ева Милевска вчера испиша историја како првата македонска скијачка која настапи на Светското јуниорско првенство

Димитар Петковски 09/03/2026 06:13
masar-o-2-1536x1023
  • Вести
  • Останати
  • Регион
  • Спорт

ФФМ: За првпат во Македонија ќе се одржат „Спортските игри за млади“

Димитар Петковски 28/02/2026 09:17
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59 1
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

15/03/2026 09:32
Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност Turska-banja-Prilep 2
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

15/03/2026 09:31
Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3 30.08.2025 (23 of 37) 3
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

15/03/2026 09:28
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози Soobrakjaj 4
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

15/03/2026 09:26
Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд soncevo 5
  • Вести
  • Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

15/03/2026 09:24

Можеби сте пропуштиле

rade-siljan
  • Култура
  • Настани

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија

Шеталиште 15/03/2026 09:38
Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
Turska-banja-Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

Шеталиште 15/03/2026 09:31
30.08.2025 (23 of 37)
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

Шеталиште 15/03/2026 09:28

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани