Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Се подготвува нов закон за учебници

admin 09/03/2023 00:00
sajt-novo-ucebnici-1

Во работната група која учествува во изработката на новиот закон, велат од МОН, вклучени се претставници на повеќе институции и чинители на воспитно-образовниот процес, а се земаат предвид сите конструктивни предлози кои стигнаа на адресата на Министерството кога во јануари годинава јавноста беше повикана да даде забелешки и сугестии на постојното законско решение
Откако во јануари годинава најави дека во план е изработка на нов закон за учебници во основно и средно образование и ги повика сите заинтересирани да дадат свои сугестии за законското решение, Министерството за образование и наука (МОН) денеска информира дека во моментов се изготвува првата нацрт-верзија на законот.

Во работната група која учествува во изработката на новиот закон, велат од МОН, вклучени се претставници на повеќе институции и чинители на воспитно-образовниот процес.

„Во новото законско решение ќе бидат интегрирани сите конструктивни предлози што од јануари пристигнаа на адресата на МОН, кога беше повикана јавноста да даде забелешки и сугестии на постојното законско решение што е основа за изработка на ново подобро решение“,се вели во соопштението од МОН.

Иницијативата за изработка на нов закон за учебници, посочуваат од МОН, е со цел намалување на веројатноста за грешки и унапредување на квалитетот на содржината на учебниците за основно и средно образование.

„Потребата од ново законско решение е повеќе од очигледна поради неопходноста од поставување на повеќе дополнителни филтри за контрола при изработка и одобрување на содржината на учебниците, но и изнаоѓањето начин за поттикнување на што поголема конкуренција, односно поголем број автори со свои ракописи, како и рецензенти за одобрување на ракописите да се пријавуваат на јавните огласи“,

велат од Министерството за образование и наука.
Најавата за нов закон за учебници за основно и средно образование следува откако кон крајот на минатата година јавноста бурно реагираше на низата грешки и пропусти кои се најдоа во содржината во новите учебници чиј издавач е МОН.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (09.03.2023)
Следно: Осум до 10 отсто од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест, контролите важни за рано откривање на болеста

Поврзани вести

Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 1
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 2
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 3
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 4
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 5
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.10.2026)

Шеталиште 08/10/2026 06:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани