Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Се празнува Преподобен Антониј Велики

admin 30/01/2023 00:00
antonij-veliki-1

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.

Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија. Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението.

За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики.

Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите.

Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.

Тропар
Подражувајќи ја со твојот живот ревноста на Илија, и правиот пат на Крстителот следејќи го, оче Антоние, ти беше жител на пустината, и со твоите молитви ја утврди вселената. Затоа моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак
Откако го отфрли животниот метеж, животот го заврши во тихување (безмолвие), најпреподобен Антоние, кој го подражаваше Крстителот на сите начини. Затоа те почитуваме заедно со него, началнику на отците.

Continue Reading

Претходно: Официјално: Ѓоковиќ повторно е најдобар во светот
Следно: Дневен хороскоп (30.01.2023)

Поврзани вести

20260218142536_big_730x400_59
  • Македонија

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

Шеталиште 18/02/2026 13:55
20260218084212_big_730x400_83
  • Македонија

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

Шеталиште 18/02/2026 07:52
sv-agatija
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Агатија

Шеталиште 18/02/2026 07:48
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите Grcija-zname-tviter-1 1
  • Балкан

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите

18/02/2026 14:18
Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години 20260218142536_big_730x400_59 2
  • Македонија

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

18/02/2026 13:55
Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година FB_IMG_1771407291514 3
  • Битола инфо

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

18/02/2026 09:38
На Попова Шапка 97 сантиметри снег 20260218084212_big_730x400_83 4
  • Македонија

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

18/02/2026 07:52
Денес се празнува Светата маченичка Агатија sv-agatija 5
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Агатија

18/02/2026 07:48

Можеби сте пропуштиле

Grcija-zname-tviter-1
  • Балкан

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите

Шеталиште 18/02/2026 14:18
20260218142536_big_730x400_59
  • Македонија

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

Шеталиште 18/02/2026 13:55
FB_IMG_1771407291514
  • Битола инфо

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

Шеталиште 18/02/2026 09:38
20260218090011_big_730x400_88
  • Останати

ЗОИ 2026: На пет дена до крајот, Норвешка убедлив лидер по освоени медали

Шеталиште 18/02/2026 08:06

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани