Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Се празнува Свети Агатангел Битолски

admin 11/03/2024 00:00
praznik-1

Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани.

Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев, незаштитените и угнетени христијани се сокриваа кој како умееше и можеше.

Раката на друговерните гонители пак, секогаш успеваше да дофати по некоја жртва и да изврши зло. Мнозина од уловените христијани гонителите ги наоѓаа неподготвени да појдат на маченички подвиг, па нивното спасение беше неизвесно. Тогаш Бог разгоре љубов кај Својот храбар следбеник Агатангел, кој реши да се дрзне, та со помош Божја да му стави крај на нечесното затирање на кревките и неопитни души.

Агатангел беше младич, од околу 18 години, по потекло од Лерин, кој работеше како чевлар во Битола.

Поттикнат од благодатта Божја, свети Агатангел појде во царскиот сарај и со богомудри зборови пред турските големци се заложи тоа насилно исламизирање на невините христијани на Рамазан да запре.

Со содејство Божјо светителот успеа да најде милост пред агарјанските првенци и тие го укинаа гонењето на христијаните на Рамазан, и издадоа ферман за таа своја одлука.

А потоа, за да ја открие вистинската верност на Својот ревнител Агатангел, Бог допушти неколкумина Агарјани да му се нафрлат на светиот маж и да го погубат. Светиот Агатангел чесно пострада од нив, простум примајќи небесен венец од Христа, на 17 февруари 1727 година, во градот Битола.

Continue Reading

Претходно: Се бара притвор за 21 годишник од Битола, силувал 14 годишно девојче
Следно: Нестабилно време со дожд во новата работна недела

Поврзани вести

SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
mariovo-pozar
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

Шеталиште 13/08/2026 11:39
20260813120006_big_730x400_55
  • Македонија

Пронајден починат оперативниот директор на Алсат телевизија, Лирим Хајредини

Шеталиште 13/08/2026 10:29
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43
46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици 3policija-420x240-138854-1 2
  • Прилеп инфо

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици

13/08/2026 11:41
Активни девет пожари низ државата mariovo-pozar 3
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

13/08/2026 11:39
Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно zemjodelstvo-eu 4
  • Свет

Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно

13/08/2026 10:31
Пронајден починат оперативниот директор на Алсат телевизија, Лирим Хајредини 20260813120006_big_730x400_55 5
  • Македонија

Пронајден починат оперативниот директор на Алсат телевизија, Лирим Хајредини

13/08/2026 10:29

Можеби сте пропуштиле

SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
3policija-420x240-138854-1
  • Прилеп инфо

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици

Шеталиште 13/08/2026 11:41
mariovo-pozar
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

Шеталиште 13/08/2026 11:39
zemjodelstvo-eu
  • Свет

Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно

Шеталиште 13/08/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани