Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Се празнува Св. маченик Никифор

admin 22/02/2023 00:00
sveti-nikifor-1

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор.

Нивното пријателство некако се изметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден на смрт и изведен на губилиште.

Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го патем барем пред смртта да му прости и да се разделат во мир: „Те молам, Христов маченику“, му велеше Никифор, „прости ми ако ти згрешив нешто!“ Саприкиј не сакаше да се обѕрне на својот соперник, туку мирно и гордо чекореше кон смртта. Но кога ја виде тврдокорноста на неговото срце, Бог не сакаше да му ја прими маченичката жртва и да го овенча со венец, туку тајно му ја одзеде благодатта. И во последниот миг пред џелатите Саприкиј се одрече од Христа и изјави дека ќе им се поклони на идолите.

Така беше заслепен од омразата. Никифор го преколнуваше Саприкиј да не се одрекува од Христа. „О брате, не прави го тоа, не одрекувај се од нашиот Господ Исус Христос, не губи го небесниот венец!“ Но с ? беше залудно, Саприкиј остана на своето. Тогаш Никифор им возвикна на џелатите: „И јас сум христијанин! Убијте ме мене наместо Саприкиј!“ Џелатите му го јавија ова на судијата и тој им нареди да го пуштат Саприкиј, а да го убијат Никифор. Тој радосно ја положи својата глава на трупецот и му ја отсекоа. Така се удостои со Царството Небесно во кое влезе овенчан со маченички венец на бесмртната слава. Ова се случи во 260 година, во времето на царот Галиен.

Тропар
Господи Боже наш, Ти Кој простувањето како сад за покајание го подари, слугата Твој Никифор свети нам ни го испрати, да посведочи како се купуваат бесплатно небесните одаи. И сега кон спасение, Христе Боже, приведи ги оние кои ги просат неговите молитви.

Continue Reading

Претходно: Спогодба за потрага и спасување во воздухопловството меѓу Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора
Следно: Кривична пријава против маж од Битолско за предизвикување пожар

Поврзани вести

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео) FB_IMG_1786179200537 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

08/08/2026 17:45
Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 2
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 3
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 4
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 5
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
TOM_8493
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:55
Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:23
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани