Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

„Се собрале комитите“ отпеана од Миле Кузмановски

Шеталиште 11/07/2025 13:34
Mile Kuzmanovski

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ го претстави третото музичко дело од годинашната втора збирка. Се работи за народната патриотска песна „Се собрале комитите“, овојпат во емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски, со музичка продукција на маестро Николче Мицевски.

Станува збор за песна којашто „не само што се пее, туку и се чувствува“, велат продуцентите. Потекнува некаде од крајот на 19-от или почетокот на 20 век – време на немир и надеж, кога комитите со срце и пушка ја пишуваа историјата на македонската борба за слобода.

„Преку стиховите на оваа песна се слуша ехото од планините, шепотот на клетвите дадени за татковината и чекорите на храбри луѓе кои се бореле за сонцето што денес гордо нè грее. ’Се собрале комитите’ е длабоко вкоренета во македонската традиција, особено во западните и централните краишта. Многубројните варијанти сведочат за нејзината вечна актуелност, а сега – со новото аранжманско руво и гласот на Миле Кузмановски, песната добива свежина – без да загуби трошка од својата душа. Уживајте во ’Се собрале комитите’, почитувајте ја историјата, и дозволете ѝ на музиката да ве однесе таму каде што се будела слободата – во срцето на Македонија“, соопшти продукцијата.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја реализира својата мисија – да ја слави македонската музичка традиција преку современи преработки на безвремени народни бисери.

По претходно објавените „Не кажувај либе добра ноќ“ во изведба на Огнен Здравковски и „Како пиреј“ на Ламбе Алабаковски, новата песна ни носи уште една горда нишка од нашето културно ткаење. Следниов период ќе биде објавена целата збирка од проектот –во духот на мотото: „Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци.“  си/паг/

Фото: Проект „Македонијо во срце те носиме“

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: Со добро раководење на Буџетот, има и за ЕКСПО, и за плати, и за повредените од Кочани и за модернизација на опрема за справување со пожари
Следно: Мазда го претстави новиот CX-5 за 2026 година

Поврзани вести

valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
20261009075207_big_730x400_32
  • Настани

Во Битола на „Интерфест“ музички рецитал со францускиот пијанист Иг Леклер

Шеталиште 09/10/2026 06:40
capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон 678о9 1
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

13/10/2026 09:17
Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата Bogorodica 2
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

13/10/2026 07:15
Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители 20261012202429_big_730x400_43 3
  • Македонија

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

13/10/2026 06:10
Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени studeno-1 4
  • Македонија

Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени

13/10/2026 06:08
Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово bashkimi-3-1536x1058 5
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

12/10/2026 19:29

Можеби сте пропуштиле

678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
IMG_7338
  • Промо

КС Групација, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа организираат крводарителска акција

Шеталиште 13/10/2026 08:12
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15
20261013090813_big_730x400_43
  • Рецепти

Кисели краставички – домашна зимница

Шеталиште 13/10/2026 07:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани