НАЈНОВО

Македонија

Се укинува пролетниот распуст, крај на учебната година на 10 јуни

Пролетниот распуст за основните и средните училишта се укинува, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска на настан во општина Гази Баба. Одлуката доаѓа по прашалникот кој Министерството за образование и наука (МОН) во јули го испрати до наставниците, родителите и учениците за да го изразат своето мислење на оваа тема.

„Резултатите од прашалникот покажаа дека родителите и повозрасните ученици не го поддржуваат пролетниот распуст. Тие посочија дека учениците губат од континуитет, помалите деца нема кој да ги чува, и дека распустот носи повеќе предизвици отколку придобивки. Затоа, годинава нема да има пролетен распуст,“ изјави министерката Јаневска.

Поврзани новости