Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Се уште не е постигнат договор за платите на администрацијата

admin 03/07/2023 00:00
denari-plata-600x360_1000x666-1

Без договор, но со приближување на ставовите, заврши денешното продолжување на седницата на Економско-социјалниот совет во Владата на која синдикалните претставници побараа платите во јавниот сектор да се усогласат согласно инфлацијата, која минатата година беше 14,5%.

Синадикатите сметаат дека доколку од септември почне примената на општиот колективен договор за јавен сектор, функционерските плати ќе треба да се вратат пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците. Дискусијата, како што објаснија, се одвивала во насока на тоа дали да се земе како параметар зголемувањето на минималната плата од 12,55% или пак колку што е зголемена просечната плата 10,9 проценти.

„ Прифатлива е иницијативата, моделот од 2,5 години за да добиеме методологија како во делот на минималната плата со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност по истекот на две ипол години, но ние како ССМ сметаме дека доколку од септември се случи тоа да почне примената на општиот колективен договор за јавниот сектор функционерските плати треба да се вратат на нивото пред одлуката на уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив така и за работниците. “-Слободан Трендафилов – Претседател на ССМ.

„ Заради големиот и брзиот раст на минималната плата во однос на порастот на платите досега во јавниот сектор се направи таков дисбаланс или т.н. урамниловка која сега страшно ни создава проблеми. За да излеземе од ова еднаш засекогаш, навистина ќе треба, ја сфаќаме ситуацијата во буџетот дека не може тоа веднаш да се направи но период на усогласување 1,2,3 или не знам колку години тоа е за нас приоритет во оваа ситуација.“-Јаким Неделков – СОНК.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи е оптимист дека наскоро ќе се изнајде сеопфатно решение. Тој вели дека платите на функционерите не се тема дискусија, бидејќи решението кое ќе го понудат ќе биде за сите.Вели не му е јасно од каде е извлечен процентот од 14,5.

-Ние на пример во моделот денеска што го презентиравме зголемувањето споредбено со септември оваа година, со септември минатата година е далеку над процентот на инфлација која ја имавме минатата година и затоа е работа на дискусија. // Сметам дека дискусијата за плати на функционери 1060 наспроти 136000 функцинери не е работа на дискусија секако решението кое ќе го дадеме ќе биде дадено за сите, а што е тоа кога ќе го постигнеме ќе го кажеме.-Фатмир Битиќи – Вицепремиер за економски прашања.

Синдикатите бараат и до крајот на годината да се исплати регрес за годишен одмор во целиот јавен сектор. Нова средба на Економско социјалниот совет е закажана за во среда во Министерството за финансии.

Continue Reading

Претходно: Дизелот се намалува за еден денар, цените на бензините остануваат исти
Следно: Тешко повреден 33-годишен прилепчанец во сообраќајна несреќа

Поврзани вести

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
nafta-1-2-1
  • Економија

Денеска нафтата повторно поскапува

Шеталиште 07/08/2026 08:25
zlato-960x540-1
  • Економија

Цената на златото со најголем раст од јануари, една унца чини над 4.260 долари

Шеталиште 07/08/2026 07:19
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани