Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Се чествува споменот за Свети Никифор, патријарх и благородник од Цариград

Шеталиште 26/03/2026 08:33
image-248711

Денеска православната црква го чествува споменот за Свети Никифор, патријарх и благородник од Цариград.

Татко му, Теодор, бил висок чиновник на царскиот дворец, богат и благочестив. Никифор служел неколку години на дворецот во истиот чин како татко му. Но, откако ја видел сета светска суета, се оддалечил на бреговите на Босфор и таму изградил манастир.

Набрзо манастирот се наполнил со монаси, а тој управувал со манастирот не сакајќи самиот да се замонаши, под изговор дека е недостоен, иако во сè им служеше на сите за пример. Пред ова, учествувал на VII Вселенски Собор како мирјанин, по волја на царот и патријархот и многу му користеше на Соборот со своето извонредно познавање на Светото Писмо.

Кога умрел патријархот Тарасиј, Никифор бил избран за патријарх, против неговата волја. Веднаш по изборот го примил монашкиот чин и другите чинови по ред и во 806 година бил востоличен во Света Софија за патријарх. Тоа беше во времето на царот Никифор, којшто набрзо потоа отиде во војна со Бугарите и загина. Неговиот син Ставрикиј владееше само два месеци и умре. По ова се зацари царот Михаил Ранкаба, но владеел само две години, додека царот Лав Ерменин не го собори и протера. Кога се зацари овој Лав, патријархот Никифор му испратил книга за православното вероисповедање за да ја потпише (според обичајот на сите византиски цареви, а што се сметало за заклетва дека ќе се држи и ќе се брани вистинската вера). Царот не потпишал, туку го одложил тоа за после крунисувањето. А откако патријархот го крунисал, тој откажал да ја потпише оваа книга и набрзо се објавил себеси како еретик иконоборец.

Патријархот се обидел да го посоветува и да го врати кон вистинската вера, но попусто. Царот насилно го протерал Никифор во прогонство на островот Проконис, каде што во беда и во секакви лишувања поминал тринаесет години, па се пресели во вечноста, во 827 година.

Како патријарх управувал со Црквата Христова девет години.

Continue Reading

Претходно: УХМР со предупредување: Подгответе се за силен ветер и дожд
Следно: Мундијалскиот сон вечерва започнува во Копенхаген, Македонија – Данска (Анализа)

Поврзани вести

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 1
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 2
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 3
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 4
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 5
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46

Можеби сте пропуштиле

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38
alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани