Силекс е освојувач на Купот на Македонија, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески го совлада тимот на Шкембија со 1-0. Навивачите на тетовска шкендија,балистите направија повторно скандал односно непочитвуање на државните симболи и химна, исвиркувајќи ја македонската химна на стартот од Куп финалето.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ФИНАЛЕ
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-0 (0-0)
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 5.000.
Судија: Игор Стојчевски.
Стрелци: Алиќ 71′
Ж. Картони: Тимовски, Пиреш, Ѓ.Џеков (С) – Алхасан, Трумчи, Зејнулаи, Мазари, Мељиќи (Ш).
СИЛЕКС: Љ.Џеков, Тимовски (83′ Димитриевски), Шуберт, Бутуровиќ, Ѓ. Џеков, Ефтимов (65′ Мирчевски), Донов, Додев (74′ Делимеѓац), Анѓелески, Пиреш, Алиќ (83′ Мишов).
Тренер: Александар Васоски, помошник :Раденко Бојовиќ.
ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Ислами, Ајетовиќ (81′ Мазари), Алхасан (70′ Мељиќи), Зејнулаи (81′ Крстевски), Красниќи, Љатифи, Тамба (58′ Спахиу), Ндзенгуе.
Силекс подобро го почна мечот, и веќе во 9. минута се закани преку Алиќ, кој што упати незгоден удар, но одбрани Гаје.
Потоа иницијатива на Шкендија и првата прилика преку Ндзенгуе со глава, Џеко успеа да избие во корнер, а во финишот прилика и за Красниќи кој за дел од секундата задоцни да упати удар кон голот на Џеков.

Вториот дел подобро го почна екипата на Шкендија. Трумчи беше во шанса и шутираше само над голот, а потоа Љатифи имаше одличен удар, меѓутоа Џеков со фантастична парада успеа да одбрани.
Единствениот гол се случи во 71. минута. Фетаи на средината на теренот не прими една топка како што посакуваше, му ја одзеде Додев кој избир сам одлево пред голот, додаде несебично до Алиќ, а овој од само 5-6 метри успеа да го совлада Гаје. До крајот на мечот Шкендија се обиде да дојде до израмнување, меѓутоа Силекс успеа да се одбрани и така да се радува на Куп пехарот.
Со тоа кратовскиот тим покрај трофејот, се избори и за пласман во Европа, поточно во Лигата на Конференции. Гостинскиот тим на шкендија во комуникација со нивните навивачи и управата на клубот не излезе на доделување на медалите на победникот како и на сребрените одличја за нив, ново непочитување на натпреварувањето во кое учестуваат и од која односно преку која држава Македонија играат во Европа и заработуваат огромни средства преку УЕФА.
Фото ФФМ
Видео МРТ

