Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

Шеталиште 06/06/2026 07:49
718190678_1548549906646637_8786990000537976800_n

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот  рече дека Фестивалот е свет дом каде се одвивале илјадници дијалози меѓу човекот и совеста на универзален театарски јазик и е почестена што може да го прогласи за отворен.

– Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност. Денес, во време на брзи слики и куси сеќавања, театарот нè повикува не само да гледаме, туку и да чувствуваме и да проникнуваме во себе. Може ли една претстава да нè освести до болка или да нè израдува до делириум? Може ли еден актер да ни го открие човекот во нас? Може. Театарот изнедрува храбри луѓе, личности со достоинство, интегритет, ерудиција. И кога, ако не тука, ако не сега, каде што и воздухот мириса на театар, како што вели нашиот голем драмски автор Јордан Плевнеш. Посакувам овој јубилеј да не биде само навраќање на богатото театарско минато, туку провокација и поттик за нови приказни, рече претседателката Силјановска Давкова на свеченото отворање на Фестивалот.

Според министерот за култура Зоран Љутков, Фестивалот претставува временска верига на високи театарски вредности што се создаваат на македонска почва и само овде, во Прилеп, театарот умее да ја собере небесната амброзија на човечката мисла, што ги оживува вековите и нè поведува по патеките што единствено ја откриваат суштината на постоењето и иднината на вечниот театар.

-Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ и Прилеп,  главниот град на театарска Македонија, засекогаш ќе останат место на кое македонските поклоници на Талија, се среќаваат со добра мисла и креативно се споредуваат едни со други, стремејќи се кон сѐ повисоки и поблагородни уметнички дострели, рече Љутков.
Министерот за култура нагласи дека нема да се однесува како да не постои проблем дека во Прилеп нема функционална театарска зграда. Смета дека е време за решавање на долгогодиниот проблем.

-Тоа не е само проблем на Прилеп. Тоа е прашање на достоинството на македонската култура. Проектот за целосна реконструкција на Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е подготвен и ќе го реализираме. Не како политичко ветување, туку како долг кон генерациите уметници што ја создаваа историјата на овој театар и кон генерациите што допрва ќе ја создаваат неговата иднина. Реконструираната зграда ќе биде современа, функционална и безбедна, смета министерот за култура Зоран Љутков.

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски во името на градот домаќин на шестдецениската театарска магија сведочи колку и како Прилеп го негува ова културно богатство кое за прилепчани е духовна храна и гордост.

– Фестивалот е мост меѓу генерациите, место каде што се пренесуваат вредности, идеи и емоции. Нашиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“  ни дава сила да растеме како луѓе, да се грижиме за него, за да  остане светилник на културата и духовноста во Прилеп, уште многу децении, рече Проданоски.

На сцената од центарот за култура „Марко Цепенков“ на четворица театарски уметници. Атила Клинче, Веби Керими, Сашо Миленковски и на Љубомир Чадиковски им беа врачени наградите за животно дело.

Заблагодарувајќи се за наградата Атила Клинче рече голема благодарнот ѝ должи на публиката за сѐ што направил во театарот.

-Зад мене се 44 години како актер, како директор на една театарска институција. Ова е потврда за мојот придонес кон македонскиот театар, кон турската заедница кој мислам дека го имам. А со ваша поддршка, драга публико, ние израснавме, ги поминавме годините. Наградата не мислам дека е крај, туку е поттик. Секогаш им стојам на располагање на моите колеги, рече Атила Клинче.

За Веби Керими е посебно чувството да се добие фестивалската награда за животно дело.

-Благодарност до Фестивалот, но не треба да се заборави оваа прекрасна прилепска публика која има голем удел во овој голем културен настан во Македонија. Честитки за фестивалот и за сите учесници, рече Керими.

Во името на режисерот Сашо Милекновски, емоциите за наградата ги пренесе неговата ќерка Сара.

-Во името на татко ми кој од здравствени причини не беше во можност да дојде, му се заблагодарувам на Фестивалот кој уште во почетокот на неговата кариера го имаше препознаено неговиот храбар пристап кон театарот, рече Сара Миленковска.

Поранешниот директор на Театарот за деца и младинци, Љубомир Чадиковски ја нагласи посебноста за сите вљубеници во театарската уметност, посебно во работата во претстави за деца.

-Наградата за животно дело на Фестивалот не е само лично признание. Таа е признание за еден пат. За години поминати во Театарот, зад сцената, меѓу сценографии, проби, претстави, актери, деца, млади луѓе и меѓу публика. И, додека има сцена, публика, додека има деца што веруваат во приказни, театарот продолжува да живее, рече Љубомир Чадиковски, добитник на наградата за животно дело пред прилепската публика на свеченото отворање на Фестивалот.

Фестивалот преку своевидна изложба со актерски креации, фотографии, факти, потсети на хронологијата на 60 -годишниот јубилеј. Под наслов „60 години театарска меморија“, почнувајќи од пред прилепскиот народен театар Војдан Чернодрински“, преку Музејот на икони, платото кај Градскиот саат, пред Рекламите во Центарот на Прилеп до домот на културата „Марко Цепенков“, Фестивалот потсети на почетоците од далечниот јуни 1965 година до денес на оваа најзначајна театарска манифестација кај нас.

На отворањето на Фестивалот, Драмски театар од Скопје ја изведе првата претстава во официјална конкуренција, претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски.

Извор: МИА

Фото: МИА; Претседател

Continue Reading

Претходно: Најевтиниот билет за третиот натпревар од НБА-финалето чини 9.000 долари
Следно: Арналди за повлекувањето од полуфиналето на Ролан Гарос: Повраќав и воопшто не можев да спијам

Поврзани вести

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година JM2_9167-530527_16by9-Large 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

12/07/2026 20:50
Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 4
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 5
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39

Можеби сте пропуштиле

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани