На повеќе места низ Македонија синоќа беа регистрирани тропски температури, што не се спуштија под 20 степени Целзиусови.
Најтопло беше во Скопје на Зајчев Рид со 23 степени, додека во Гевгелија биле измерени 22 степени. Во Струмица, Штип, Виница и Тополчани минималната температура изнесувала 21 степен.
И во наредниве денови времето ќе биде исто. Дневните температури ќе се движат меѓу 35 и 38 степени, а ноќните над 20 степени.

