Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ, актуелната криза бара поодлучен однос кон Западен Балкан

Шеталиште 31/03/2026 13:58
gordana-siljanovska-davkova

Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот гостин. претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој во неделата рече дека „ако треба, ќе чекаме децении, но нема да прифатиме политики што директно влијаат врз нашиот идентитет, а не нудат предвидливост и јасен крај на процесот на пристапување во ЕУ“, таа оцени дека таа изјава била дадена во условна, кондиционална форма.

– Изјавата на премиерот беше во условна, во кондиционална форма „ако треба“… Јас мислам дека ние, по Црна Гора, ако се споредуваме технички, сме длабоко навлезени во евроинтеграцискиот процес, низ реформска призма, но не би можела јас да зборувам за кластери и за поглавја како мојот колега бидејќи првпат и во историјата на ЕУ и во историјата на европската заедница се поставуваат вакви услови за да почнете преговори. Ако гледаме низ техника призма, низ призма на скрининг, на реформските капацитети, би можеле и би требало, ако има разбирање за пречката, која е надвор од европските стандарди и критериуми, многу бргу да станеме членка на ЕУ – рече претседателката на заедничката прес-конференција со својот црногорски колега Јаков Милатовиќ, кој е во официјална посета на земјата.

Според претседателката, со тоа што Црна Гора ќе стане членка на ЕУ, Унијата ќе покаже дека членството на Западен Балкан е реалност.

– Од една страна, проширувањето е прашање поврзано за стратешкиот пристап кон безбедноста бидејќи е и безбедносно прашање, а од друга, хаосот во кој се наоѓа светот оневозможува на некој начин да се посега по нешта за кои, кога би имало мир, би биле сосема редовни. Но мислам дека токму тоа, од една страна, бара поодлучен однос кон Западен Балкан, што значи и кон Црна Гора, а се разбира останува прашањето за внатрешните реформи на Европската Унија за кои мислам дека сега не е време, не дека не се потребни, но мислам дека условите сега не го дозволуваат тоа – оцени претседателката.

Шефот на црногорската држава, од своја страна, посочи дека Црна Гора е предводник во процесот на евроинтеграциите и нивното членство во ЕУ би испратило силна и важна порака – дека членството е остварливо и оти тоа е можно.

– Да не заборавиме дека последна земја што се приклучи кон ЕУ беше Хрватска во дамнешната 2013 и дека на тој начин, токму поради тоа, членството на Црна Гора во ЕУ, што сакаме да го реализираме во 2028 година, би било не само успех на Црна Гора туку и една порака која би била испратена до сите други земји – дека реформите се исплатат, дека процесот на проширување е жив и дека иднината на целиот регион на Западен Балкан е во ЕУ – нагласи Милатовиќ на заедничката прес-конференција со Сиљановска-Давкова во Вила „Водно“.

Милатовиќ попладнево ќе го посети и парламентот и ќе има свое обраќање пред пратениците.

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Поскапува лебот
Следно: Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус на регионалната соработка

Поврзани вести

57_alikj-adi_sileks-1536x1112
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

Димитар Петковски 22/04/2026 13:02
dsc_0110-1536x1078
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

Димитар Петковски 22/04/2026 12:58
20260422123521_big_730x400_12
  • Македонија

Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат

Шеталиште 22/04/2026 10:43
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето 57_alikj-adi_sileks-1536x1112 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

22/04/2026 13:02
Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории dsc_0110-1536x1078 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

22/04/2026 12:58
Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен 1000613319 3
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

22/04/2026 11:08
Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат 20260422123521_big_730x400_12 4
  • Македонија

Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат

22/04/2026 10:43
Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ hipp 5
  • Македонија

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

22/04/2026 10:37

Можеби сте пропуштиле

IMG_2865
  • Култура
  • Настани

„Низ детските очи“, книга за деца од новинарката Маја Богоевска

Шеталиште 22/04/2026 13:08
57_alikj-adi_sileks-1536x1112
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

Димитар Петковски 22/04/2026 13:02
dsc_0110-1536x1078
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

Димитар Петковски 22/04/2026 12:58
1000613319
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

Шеталиште 22/04/2026 11:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани