Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус на регионалната соработка

Шеталиште 31/03/2026 14:02
Gordana_Jakov

Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот – изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила „Водно“ со неговиот домаќин, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државата, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка.

– Испраќаме пораки за регионална соработка и добрососедска поддршка. Го цениме фактот дека Северна Македонија беше меѓу првите држави што ја признаа Црна Гора и тоа стана цврст темел за развој на нашите билатерални и диплматски односи – нагласи Милатовиќ.

Уверен е дека во годините што доаѓаат двете земји ќе продолжат да градат односи, кои не се само стабилни на политичко ниво, туку и искрено блиски помеѓу нашите граѓани.

– И токму во таа блискост лежи силата на нашето големо партнерство и пријателство и сигурноста заедно да градиме подобар регион на Западен Балкан и нашата европска перспектива – рече Милатовиќ

Потенцира дека токму европската перспектива на двете држави зазема посебно место во агендата на двете држави, при што, како што истакна, Црна Гора силно го поддржува европскиот пат на земјата.

– Во нас оваа држава секогаш ќе има сојузник и полна поддршка. Имаме цел да станеме 28. држава членка на ЕУ и со тоа да покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност – потенцира Милатовиќ.

На тој начин, рече црногорскиот претседател, ќе покажеме заедно со нашите европски партнери дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност.

Претседателката Сиљановска-Давкова, од своја страна, истакна дека со колегата потврдиле оти се извонреден пример на регионало добрососедство, добар пример на соработка и внатре во рамките на НАТО, а денешната средба уште повеќе ја зацврствува довербата.

Таа истакна дека заедничка визија е стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, а самитот ЕУ – Западен Балкан, како што рече таа, што ќе се одржи во Црна Гора, е доказ дека прашањето за членство на регионот не е само прашање поврзано за иднината, туку прашање што треба и може да стане реалност.

– Целосната интеграција на Балканот е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и што е целосна. Регионалната соработка е не само наша обврска, туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, не се разбираме меѓусебно, сами си го отежнуваме патот кон ЕУ – потенцира Сиљановска-Давкова.

Македонската претседателка на средбата повторно го реафирмирала принципот, што, како што нагласи, не го измислила таа, ниту некој одовде го креирал.

– Тоа се принципите познати како Копенхашки критериуми и, се разбира, повикав и нашето чекорење кон ЕУ да биде во рамките на она што се нарекува европско уставно право бидејќи еден преседан, доколку се храни, ќе отвори или ќе создаде плодна почва и за нови преседани. Значи, повторувам, не постои европско право за малцинства. Во ЕУ има многи големи држави, кои дури не ја потпишале Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Во ЕУ има држави, и тоа повеќето, кои немаат ниту еден збор во Уставот за малцинствата, имаат само антидискриминаторна клаузула дека сите луѓе се еднакви, без оглед на било каква припадност, па и етничката. Она на што инсистирам се еднакви стандарди – рече претседателката.

Вели дека новина за нас, односно нашиот пат кон ЕУ, е изјавата на претседателот на Европскиот совет во Софија, господинот Антонио Кошта, за потребата од гаранции со оглед на неможноста да се предвиди што може да се појави во напредокот надвор од Копенхашките критериуми и надвор од она што ЕУ го утврдила во основниот документ наречен Договор за ЕУ, дека ќе ги почитува националниот и културниот идентитет, дека ќе ги почитува дигнитетот и интегритетот, па дури и уставните и политичките структури на државите и нациите. И тоа е нешто што е обврска бидејќи неисполнувањето на овие услови може да доведе, се разбира, ние не можеме да почнеме таква постапка, меѓутоа кршењето на принципите и вредностите може да бидат основа за поведување постапка пред судот во Луксембург – рече Сиљановска-Давкова.

Според неа, добро е, но и задоцнето, барањето на Вајц од правната служба на Европскиот совет за толкувањето на природата на протоколот, односно на записникот што станал интегрален дел на преговарачката рамка и на заклучоците.

– Мислам дека тоа барање е задоцнето, но секое барање за правна интерпретација е добро. Мислам дека уште при расправата за преговарачката рамка и за заклучоците требало да се води сметка за основните принципи и за вредностите на ЕУ – рече македонската претседателка.

Во контекст на разговорите за економската соработка меѓу Македонија и Црна Гора, таа се согласи со Милатовиќ дека економската соработка мора да се зголеми, особено во секторите на градежништвото, туризмот, енергетиката, а исто така и во повторно отворање на авиолинијата Скопје – Подгорица или Скопје – Тиват.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“.

Потоа следуваше тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.

Во рамките на официјалната беше потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

Во рамките на посетата на земјата претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Утре, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Извор: МИА

 

Continue Reading

Претходно: Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ, актуелната криза бара поодлучен однос кон Западен Балкан
Следно: Усвоен предлог-законот за парнична постапка, се реализира уште една обврска од развојната стратегија за правосудството

Поврзани вести

VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41
20260414195905_big_730x400_93
  • Македонија

Си-ен-ен: Северна Македонија, земја за која знаат мал број туристи

Шеталиште 15/04/2026 07:25
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани