Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Сиљановска-Давкова: Повеќе од три децении, Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

Шеталиште 18/08/2025 12:53
Gordana Siljanovska

Повеќе од три децении, Армијата ја пишува својата приказна како вистински custos patriae, чувар на татковината. Нашата Армија е столб на стабилноста и мирот: од придонесот во мировната мисија УНИФИЛ, до ангажман во мисијата КФОР, каде во ноември 2020 година македонските мировници го достигнаа највисокото ниво на НАТО одговорност. Денес, над 180 армиски припадници под македонското знаме се вклучени во мировни мисии и операции, истакна во своето обраќање претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 33 години од одбележувањето на Денот на македонската Армија во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

На денешното свечено одбележување на Денот на АРМ присуствуваа претседателот на Влада, Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници, високи воени гости и претставници на државни и локални институции.

Претседателката и воедно врховен командант на АРМ, Сиљановска-Давкова рече дека како и голем дел од македонските граѓани, и таа  посакува најголеми вложувања во најмоќните оружја: знаењето, образованието и науката, истражувањето и развојот, културата и спортот. Но, како што рече свесна е дека живееме во едно од најнестабилните, нејнепредвидливите и најнесигурните времиња.

-Глобалниот поредок е фрагментиран, европската безбедносна архитектура е нарушена, конфликтите на Блискиот исток се заоструваат и продлабочуваат, климатските ризици од година во година се зголемуваат. Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, потенцирам, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западниот Балкан, но и за ЕУ. Природата на војната рапидно се менува, напредните технологии галопираат, незамисливи оружја парадираат, вештачката интелигенција сестрано се аплицира, нуклеарната војна понекогаш како да надвиснува над светот. Галопирачката трка во вооружувањето диктира поголеми инвестиции во одбраната, вели Сиљановска-Давкова

Таа во својот говор истакна дека важноста на самоодржливоста во одбраната никогаш не била поголема, како и оти  бара зајакната способност за одвраќање напади и одбрана, адаптирање на националните капацитети за кризен менаџмент и стимулирање кооперативна безбедност со онаа на НАТО за да бидеме компатибилни со евроатлантската безбедност.

-Затоа, на Самитот на НАТО во Хаг се дефинира потребата од етапно золемување на трошоците за одбаната. Но, се разбира, средствата не треба да бидат вложени само во опремувањето на вооружените сили, туку и во структурите на државата и економијата, во инфраструктурата. Финансирањето не се однесува само и пред се на оружјето, туку на севкупниот систем што ќе го градиме. Предвидените издвојувања не треба да бидат само трошок, туку и влог и инвестиција, не само во одбраната, туку во самоодржливоста на македонските институции, во нивната функционалност, во нивната ефикасност и ефективност, за доброто на граѓаните, а не на функционерите и политичарите и нивните лични и колективни интереси, подвлече Сиљановска-Давкова.

Претседателката, Сиљановска-Давкова потенцираше  и дека сите засегнати инситуции мора да размислуваат за долгорочни проекти што ќе значат креирање и гарантирање самоодржливост и развој, не само во мир, туку и во амбиент на воена закана и потенцијален конфликт.

-На пример, зошто да не е можен НАТО клинички центар, според врвните стандарди на Алијансата, којшто во мирнодопски услови би им бил на располагање на македонските граѓани, а во услови на евентуален конфликт би бил медицински центар за потребите на НАТО Алијансата? Или, зошто еден хибриден модел на клинички центар не би бил изграден токму овде, во Штип, во град со извонредна стратешка локација, добра инфраструктурна поврзаност, со државен универзитет, во чиј состав влегува и медицинскиот факултет, пропратен со болница и студентски дом? Чинам дека вакви инвестиции би придонеле и за обнова, заживување и препород на запустената, иселена и раселена источна Македонија.  Или, зошто да не иницираме изградба на НАТО центар за обука на обучувачи на армискиот полигон „Криволак“ – еден од најдобрите полигони во Европа, барем така велат воените експерти? Многу од припадниците на нашата Армија имаат доволно знаење, искуство, чест, како обучувачи да го споделат со нашите НАТО сојузници, рече во своето обраќање Сиљановска-Давкова.

Таа пред македонските припадници на Армијата и високите гости по повод 33 години од постоењето на Армијата додаде дека од боиштата на истокот на Европа станува јасно дека дроновите ќе бидат една од главните воени технологии во втората половина на 21 век.

-Со поддршка на НАТО, можеме да предложиме вложување во локална одбранбена индустрија за производство на средства/мехнизми за заштита од дронови, но и други средства, за кои имаме искуство и докажан капацитет. Ова се само некои од повеќето начини на коишто, вложувајќи во самоодржливоста, ќе ја заштитиме нашата транспортна и критична инфраструктура, ќе ја намалиме ранливоста на нашите системи и институции, ќе го зголемиме уделот и влогот во истражувањето, развојот и иновациите, со што, ќе го подготвиме општеството да биде поотпорно на кризи, особено во ера на постојани хибридни закани, рече Сиљановска-Давкова.

Забележа дека сме територијално мала држава, со малубројна армија. Но,според неа, токму големината на нашата држава и бројноста на нашата армија се нашата силна страна, бидејќи полесно, побргу и со помалку средства можеме да ги постигнеме очекуваните резултати.

-Македонската армија, иако бројно мала, е голема по дух, по знаење и по љубов кон татковината. Уверена сум дека, како и досега, така и во иднина, Армијата ќе биде подготвена да се вклучи и вложи во сложениот, мултидимензионален и мултифункционален проект за градење на самоодржливи институции и системи во загрозена меѓународна и регионална стабилност и безбедност, вели Сиљановска-Давкова.

На централната свеченост по повод роденденот на Армијата се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Претседателката, Сиљановска-Давкова денеска, со орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери којшто едуцира и создава генерации посветени и професионални офицери и подофицери. Воедно им оддаде признание и на прворангираните питомци и слушатели на основниот курс за подофицери и на новопроизведените и промовирани офицери и подофицери.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
Следно: СДСМ: Обвинителството е на потег за милионските злоупотреби во Еразмус+ кои водат до ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
станови зграда
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

Шеталиште 12/05/2026 12:04
agencija-za-film-696x522-1
  • Македонија

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии

Шеталиште 12/05/2026 09:49
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали u-16 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

12/05/2026 17:09
31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана policija-8 2
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

12/05/2026 12:07
18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

12/05/2026 12:07
21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар napad-noz-960x636-640x424 4
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

12/05/2026 12:05
Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори станови зграда 5
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

12/05/2026 12:04

Можеби сте пропуштиле

  • Некатегоризирано

словачка-=/*95+4ќч

Димитар Петковски 12/05/2026 17:26
u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

Шеталиште 12/05/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани