Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

Шеталиште 05/10/2026 07:57
japonija-660x500

Јапонија е позната по голем број компании кои работат повеќе од еден век, но токму таквите компании сега пропаѓаат со рекордно темпо, јави Си-Ен-Би-Си. Во првите осум месеци од оваа година, 112 јапонски компании постари од 100 години банкротираа, според податоците од истражувачката куќа Teikoku Databank. Доколку тоа темпо продолжи, 2026 година би можела да заврши со повеќе од 160 такви банкроти, надминувајќи го претходниот рекорд од 146 во 2024 година.

Меѓу главните причини се зголемувањето на цените, недостатиг од работници и проблемите со наоѓање наследници кои ќе ги преземат семејните бизниси.

Еден пример е Kadoya Sesame Mills, производител на сусамово масло основана во 1858 година. Компанијата преживеа војни, бројни економски кризи и пукање на јапонскиот меур на недвижнини и берза, а сега, по повеќе од две децении на берзата, се подготвува да се повлече во приватна сопственост со поддршка на јапонскиот фонд Integral, наведува медиумот во прилогот.

Во исто време, Кадоја се соочува со зголемување на цените на суровините и зголемување на геополитичките ризици.

Таквите потези покажуваат дека дури и многу старите и финансиски стабилни јапонски компании сè повеќе се прашуваат дали можат да продолжат да работат на ист начин како пред децении.

Во првата половина од 2026 година, во Јапонија се регистрирани 556 банкроти поврзани со зголемување на цените, што е за 23,8 проценти повеќе од претходната година и најмногу откако се води статистиката.

Во исто време, 227 компании пропаднаа поради недостиг од работници, што е исто така рекорд, додека 312 банкроти беа поврзани со немање наследници.

Економистите предупредуваат дека помалите компании фокусирани на домашниот пазар се особено погодени бидејќи имаат потешкотии да ги пренесат зголемените трошоци на клиентите.

Во исто време, Јапонија се соочува со долгорочен пад на населението и стареење на општеството, што го намалува и бројот на клиенти и достапната работна сила за компаниите.

Јапонските компании со повеќе од еден век традиција со години се сметаат за особено отпорни благодарение на семејната сопственост, силните врски со локалните заедници и разумните деловни практики. Многу од нив акумулирале капитал со децении, имаат малку долгови и стабилни бизнис модели.

Шигето Нагаи од „Оксфорд економикс“ предупредува дека нивните сопственици сè повеќе се плашат дека повеќе нема да можат да одржуваат висока профитабилност на долг рок и дека бизнисот постепено би можел да ослабне.

Теикоку Датабенк наведува дека растечките трошоци и недостатокот на наследници се меѓу најчестите причини за пропаѓањето на старите јапонски компании. Половина од 112-те банкроти оваа година вклучуваа релативно мали компании со долгови помали од 100 милиони јени.

Некои компании се обидуваат да се прошират во странство за да го компензираат намалувањето на јапонскиот пазар, додека други бараат нови сопственици, фондови или спојувања. Дополнителен притисок создаваат слабиот јен, повисоките трошоци за работна сила, инфлацијата, повисоките каматни стапки и промените во правилата за корпоративно управување.

Во првите осум месеци од оваа година низ цела Јапонија се регистрирани 7.199 банкроти, што е за 7,3 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Доколку продолжи сегашното темпо, земјата би можела да има повеќе од 10.000 банкроти на бизниси втора година по ред.

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт
Следно: Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Поврзани вести

Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
17431119-01-2026elektriceniaparatzapolnenje
  • Свет

Во Европа електричен бум – продадени милиони нови автомобили на струја

Шеталиште 09/11/2026 09:27
55246400509_149c7b274a_o-1-1024x977
  • Свет
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Помладиот од браќата Лазарови и германскиот „Интерактив“ после 8 години се разделуваат (Фото)

Димитар Петковски 07/11/2026 08:30
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани