Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан
  • Вести

Скандал на Халкидики: Сопственик на хотел поставил скриени камери во собите и снимал гости, туристите револтирани

admin 02/05/2023 00:00
hotel

Вистинска врева настанамеѓу туристите кога беше откриено дека сопственик на хотел на Халкидики, Грција, поставил камери во хотелските соби.

Како што пренесуваат грчките медиуми, сопственикот на хотелот на Афитос, Халкидики поставил скриени камери во собите и незаконски ги следел и снимал приватните моменти на своите гости.

Истрагата на грчката полиција е покрената по пријава на млад пар, кој на крајот на септември 2022 година пронашол камера во собата каде што ја поминале ноќта.

Како што информираат од полицијата, при истрагата било утврдено дека 34-годишниот сопственик на хотелот снимал и следел 27 лица, од кои огромно мнозинство се грчки и странски туристи, од кои 13 се идентификувани.

Против сопственикот е поднесена пријава, која ќе биде проследена до првостепеното обвинителство на Халкидики, за прекршување на законот за лични податоци и приватност на телефонската комуникација и усниот разговор.

Како што се наведува во истото соопштение, при претрес на просториите на туристичкото сместување биле пронајдени шест „скриени“ камери, полначи за мобилни телефони, осум мемориски картички, пронајден е и одземен пренослив електронски компјутер, таблет уред и мобилен телефон, пренесува новиот сајт tvks.gr.

Туристите револтирани

Таткото на четиригодишно дете зборуваше за медиумите и го опиша она што го доживеал во хотелот минатото лето со семејството, како и мислите кои му поминале низ главата кога ја открил камерата.

„Нашиот личен живот, особено на нашето дете, е засегнат. Менувавме пелени, тој беше гол премногу часови во собата и воопшто не беше пријатно да се знае дека некој го снимил ова и може да го користи било каде на интернет“, вели таткото на детето.

На масичката покрај нивниот кревет, црн уред, кој наликува на полнач за мобилен телефон со USB приклучок, ги снимал нивните приватни моменти во собата каде што престојуваа на Афитос, Халкидики.

„Изгледаше како некој вид полнач за телефон со USB приклучок. Не снимал додека бевме во собата. Не знам каква камера е во тоа чудо, ниту какви снимки би можела да направи и од кои агли. Мислам дека можеше да ја сними целата соба од таа маса“, вели таткото.

Во хотелските соби биле откриени вкупно 6 скриени камери кои снимале слики и звук.

„Се сеќавам дека и реков на жена ми да не го полни телефонот на тоа чудо затоа што имавме свои полначи, а имаше и USB приклучок во ѕидот, па не го ни допревме. Сега знам само дека таму имало камера“, вели тој.

Според овој татко, впечатоците од сместувањето на почетокот биле одлични, а всушност и самиот му честитал на сега обвинетиот хотелиер.

„Беше на ниво на хотел со пет ѕвезди. Внатре имаше сеф, кафемат, клима, убаво купатило. Беше многу добро и сопственикот што го сретнавме ни даде попусти за кафуле во центарот на селото. Јас лично му честитав, бидејќи бев воодушевен од работата што ја направи и сето тоа беше по многу разумна цена“, рече тој.

Случајот прва го пријавила поранешна вработена

Грчките медиуми јавуваат дека полицијата првпат дознала за овој случај кога сопственикот бил пријавен од поранешна вработена.

Имено, таа престојувала со своето момче во една од собите. Сопственикот на сместувањето и понудил соба бесплатно, за да и се заблагодари за успешната сезона во барот.

Целата работа била откриена кога партнерот на девојчето, кој работи во електроника, видел уред на штекер во собата и сфатил дека се работи за скриена камера. Уредот, кој парот и’ го кажал на полицијата, бил вклучен и постојано ги снимал сликата и звукот од нивните движења.

Излегле од собата и со скриената камера што ја нашле отишле во полициската станица во Солон и пријавиле се.

Досега се јавија неколку лица кои се сомневаат дека се снимени во нивните соби, а се верува дека ќе ги има уште.

Continue Reading

Претходно: Во Битола наскоро нови велосипедски патеки
Следно: Денеска се празнува Преподобен Јован Ветхопештерник

Поврзани вести

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео) FB_IMG_1786179200537 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

08/08/2026 17:45
Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 2
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 3
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 4
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 5
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
TOM_8493
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:55
Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:23
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани