Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Ски центарот „Нижеполе“ во исчекување на нови врнежи од снег и дозвола за поставување топови за вештачки снег

admin 29/01/2024 00:00
скијање-2

Сите надежи на јавното претпријатие „Стрежево“ кое стопанисува со ски центарот „Нижеполе“ се дека во февруари за кога се очекуваат поинтензивни врнежи од снег ќе се зголеми бројот на посетители на овој ски центар сместен над селото Нижеполе на падините на Баба Планина на надморска висина од 1.300-1.610 м н. в.

Директорот на ЈП „Стрежево“ Методија Граматковски вели дека сезоната оваа година започна многу порано во споредба со претходните години, со оглед на фактот што снег заврна уште во декември.

-За жал, поради високите температури во декември, тој снег се стопи. Очекувавме да заврне повеќе снег што најмногу им е потребен на љубителите на скијањето, но, тоа не се случи. Споредбено со минатите години, оваа година е слаба со врнежи со снег, а тоа се должи заради климатските промени. Снегот што заврна пред една недела е добредојден, моментно тој е околу 30 сантиметри, екипите навремено ги подготвија терените и состојбата на ски патеките е одлична. Очекуваме во февруари врнежите од снег да се поголеми и со тоа да имаме помасовна посетеност на ски центарот „Нижеполе“-вели директорот Граматковски.

Тој додава дека треба да се направат вложувања во ски центарот.

-Како јавно претпријатие што стопанисува со ски центарот уште во 2021 година нарачавме основен проект изработен од стручни служби. Ги поминавме сите фази низ институциите и нашите очекувања се за кусо време да ја добиеме и градежната дозвола со оглед на тоа што проектот е на разгледување во Министерството за транспорт и врски и по добивањето на градежната дозвола ќе можеме да размислуваме за инсталирање на вештачки снег на ски центарот „Нижеполе“ односно да има скијање во ски центарот од декември до март, бидејќи во тој период и на Пелистер, но, и во Битола има ниски температури, но нема природен снег-вели првиот човек на „Стрежево“, Методија Граматковски кој изрази надеж дека за кусо време ќе ја добијат градежната дозвола и дека ќе се обезбедат финансиски средства.

Тие средства дали ќе се обезбедат преку Владата, дали ќе бидат сопствени средства на претпријатието, а зошто да не се вклучи тука и локалната самоуправа, бидејќи ски центарот „Нижеполе“ е од интерес за сите граѓани на Битола, но, и пошироко-додава Граматковски.

Според него ски центарот „Нижеполе“ им нуди одлични услови на љубителите на скијањето по најпристапни цени.

-Ние како ски центар ги имаме најевтините цени не само во државата туку и пошироко, се со цел што е можно повеќе граѓани, не само од Битола туку и југозападна Македонија да го посетат овој ски центар и да уживаат во природата и во белите спортови. Сезонската карта за скијање на двата ски лифта и за детскиот ски лифт изнесува пет илјади денари за возрасни, а три илјади денари за децата. Дневната карта изнесува 500 денари за возрасни, а 300 денари за деца, додека ноќното скијање изнесува 400 денари. Пристапни цени нуди и чајџилницата и да се пие чај на надморска висина од 1300 метри н. в. за 50 денари е привилегија за секого што сака да го посети нашиот ски центар-вели Граматковски.

Инаку, од ски центарот имаат организирана редарска и паркинг служба преку денот за да се избегне метеж, додека за ноќното скијање има ноќно осветлување на ски паркинзите за граѓаните да се чувствуваат безбедно а и кога ги паркираат автомобилите.

Искуствата од минатите години се дека најинтензивни врнежи од снег има во месец февруари и од ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со ски центарот „Нижеполе“ се оптимисти дека доколку има врнежи од снег во февруари и месец март сезоната да биде успешна со задоволни посетители, што ќе значи и дополнителни приходи за јавното претпријатие.

Инаку, од Битола до ски центарот „Нижеполе“ води асфалтен пат со должина од 15 километри.

Извор: Слободен печат

Continue Reading

Претходно: Царинска управа: Спречен обид за шверц и обид за нелегално изнесување на стока во вредност од околу пола милион денари
Следно: Утврдени нови цени на горивата – цените одат нагоре

Поврзани вести

3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

Шеталиште 17/04/2026 09:35
aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп policija-8 1
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

17/04/2026 09:38
Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак 3policija-420x240-138854-1 2
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

17/04/2026 09:35
Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години 360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683 3
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

17/04/2026 07:27
Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044 4
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

17/04/2026 07:22
Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран nafta-1 5
  • Свет

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

17/04/2026 07:20

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

Шеталиште 17/04/2026 09:38
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

Шеталиште 17/04/2026 09:35
360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

Шеталиште 17/04/2026 07:27
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.04.2026)

Шеталиште 17/04/2026 07:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани