Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Иако недостигот од снег ја одложува официјалната скијачка сезона на Пелистер, ски-центарот „Стрежево“ и понатаму бележи зголемена посетеност и интерес од граѓаните.

Битолчани, но и гости од други градови, секојдневно ја користат можноста за престој на планина, уживајќи во чистиот воздух и зимската атмосфера на Баба Планина.

Во моментов, снежната покривка во ски-центарот изнесува околу 10 сантиметри, што не ги исполнува условите за старт на скијањето.

„За да ги пуштиме ски-лифтовите во работа потребни ни се најмалку 40 сантиметри снег. Во моментов ги немаме тие услови, но тоа не значи дека центарот е празен, напротив, интересот е голем“, вели за Македонската телевизија, Александар Цветановски од ски-центарот „Стрежево“.

Тој посочува дека и без активна ски-сезона, на ски-центарот „Стрежево“ е живо и посетено.

Александар Цветановски, ски-центар „Стрежево”

„Секојдневно имаме голем број посетители кои доаѓаат за прошетка, рекреација и одмор. Како ски-центар сме задоволни од посетеноста, особено ако се земе предвид дека ски-лифтовите не работат“, додава Цветановски.

Дополнителен поттик за зголемениот број посетители е бесплатниот превоз што и оваа година се организира во соработка со општина Битола, Меѓуопштинското јавно претпријатие „Пелалинк“ и јавното претпријатие „Стрежево“.

Превозот се реализира секој работен ден, со поаѓање во 08:00 часот од пред спортската сала во Битола и враќање од ски-центарот во 13:00 часот.

„Оваа мерка се покажа како одлична и значително придонесува за посетеноста, за што сме искрено благодарни“, истакнува Цветановски.

Во рамки на ски-центарот, чајџилницата работи секојдневно од 08:00 до 15:00 часот, а посетителите велат дека и без скијање, ски-центарот „Стрежево“ нуди пријатен зимски амбиент, можност за рекреативни прошетки и краток одмор од градската секојдневица.

Иако љубителите на скијањето со нетрпение ги очекуваат обилните снежни врнежи, ски-центарот „Стрежево“ и во овој период останува препознатлива и атрактивна точка за зимски одмор на Пелистер.

Continue Reading

Претходно: Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство
Следно: Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

Поврзани вести

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани