Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Скопскиот аеродром ја доби наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2022 година

admin 06/03/2023 00:00
aerodrom-skopje-1

Меѓународниот Аеродром Скопје повторно ја доби Наградата за квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality Award), овој пат за изминатата 2022 година, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International World), известуваат од ТАВ Македонија.

Реномираната организација, со седиште во Монтреал, Канада, денеска, 6-ти март 2023 година, ги објави аеродромите добитници од сите континенти, региони и држави на светско ниво.

Според категоризацијата на ACI за 2022 година, Меѓународниот Аеродром Скопје е награден со ASQ-наградата за 2022 година во следниве категории:

• Најдобар аеродром од 2 до 5 милиони патници во Европа
• Аеродром со најпосветен персонал во Европа
• Најлесно аеродромско патување во Европа
• Најпријатен аеродром во Европа
• Најчист аеродром во Европа
„Програмата за квалитет на аеродромските услуги ни донесе неколку клучни одредници за евалуација на услугите што им ги нудиме на нашите патници додека се на аеродромот. Од 2012 година, низ годините, ние постојано ги користиме тие одредници за да го подобриме квалитетот на нашите услуги. Врз основа на предлозите и коментарите на патниците дадени во анкетата за квалитет на аеродромските услуги, воведовме бесплатен безжичен интернет на аеродромот, поставивме станици за полнење мобилни уреди, отворивме просторија за пушење во воздухопловната, односно безбедносно ограничената зона. Минатата година ги реновиравме тоалетите на аеродромот и отворивме нова, преуредена бесцаринска продавница, со проширен асортиман на производи и брендови. Пред неколку дена го отворивме и новиот, реновиран ресторан, Cakes & Bakes. Внимателно ги следиме показателите за квалитет на аеродромските услуги и знаеме дека треба да се направат уште многу работи со цел да се подобри целокупното искуство на патниците. На патот кон оваа цел, секогаш сме во тесна соработка со нашите сестрински компании: BTA (храна и пијалаци); ATU (бесцарински продавници); TAV Technologies (ИТ услуги); TAV MOS (комерцијални услуги) и Euroclean (услуги за одржување хигиена). Ќе продолжиме да ги слушаме нашите патници и да креираме додадена вредност во нивните приказни за патувањата од Меѓународниот Аеродром Скопје”, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Скопскиот аеродром спаѓа во панел за ASQ во кој минатата година беа опфатени 10 аеродроми, со големина од 2-5 милиони патници годишно, во Европа. Покрај главниот аеродром во Северна Македонија, другите аеродроми од кои се состои овој панел се следниве: шпанските аеродроми Мадеира и Менорка; чилеанскиот аеродром Сантијаго; аеродромите Сола и Ваернес во Норвешка; аеродромот во Тбилиси, Грузија; естонскиот аеродром во Талин; италијанскиот аеродром Торино и аеродромот во Загреб, Хрватска.

„Програмата за Квалитет на аеродромските услуги не само што мери и креира одредници, туку исто така им овозможува на аеродромите од сите големини прилика за континуирано учење и подобрување за да достигнат нови височини во совршеното искуство на патниците. Новите категории не само што го рефлектираат растот на програмата, туку исто така ја отсликуваат и еволуцијата на потребите на патниците. За тоа не може да се преговара – аеродромите мора внимателно да го слушаат гласот на клиентите за да можеме да продолжиме да им служиме на луѓето и заедниците на одржлив и флексибилен начин. Ова е патот напред.” изјави Луис Фелипе де Оливеира, Генерален директор на ACI World.

Од податоците собрани во 465.000 анкетни прашалници во 2022 година, 75 аеродроми ширум светот освоија 144 награди. Категориите за наградите ја вклучуваат долгогодишната категорија Најдобар аеродром според големина (број на патници на годишно ниво) и регион, како и новите категории што се воведени оваа година каде е одразена еволуцијата на потребите на патниците: Аеродром со најпосветен персонал во Европа, Најлесно аеродромско патување во Европа, Најпријатен аеродром во Европа, Најчист аеродром во Европа.

Програмата ASQ е светска водечка програма за мерење на искуството на патниците на аеродромите и за креирање одредници. Споредено со други програми во воздухопловната индустрија, оваа програма се заснова врз истражување во живо преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство на денот на патувањето.

Прашалникот опфаќа над 30 индикатори за ефикасност низ клучните елементи од искуството на патниците на аеродромот, како што се леснотијата на снаоѓање низ аеродромот, ргистрацијата на патници, понудите за купување и јадење, итн. Ова ја дава најкомплетната слика за патничкото искуство на секој аеродром и обезбедува глобални одредници за индустријата.

Според квотата на ASQ-програмата, минатата година на Меѓународниот Аеродром Скопје вкупно 1403 патници беа анкетирани или теренските агенти кои го спроведуваат ASQ-истражувањето интервјуирале по 350 патници секој квартал.

Според податоците на ACI, на глобално ниво, во 2022 година, повеќе од половина од патниците во целиот свет кои патувале со авион, биле вклучени во ASQ програмата, односно полетале од аеродром којшто ја спроведува оваа анкета за задоволство на патниците.

ТАВ Македонија го заврши јануари годинава со 165.340 патници на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што претставува пораст од 35 отсто споредено со јануари лани. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома во јануари пораснал за 30% на годишно ниво и изнесува 1.395 лета.

Continue Reading

Претходно: Азиските берзи пораснаа, доларот ослабе
Следно: По еден месец непрекината работа, РЕК „Осломеј“ плански исклучен од мрежа

Поврзани вести

698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 20:48
dara
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 06:42
FB_IMG_1778998471569
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

Димитар Петковски 17/05/2026 06:15
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео) 698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

17/05/2026 20:48
Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео) dara 2
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

17/05/2026 06:42
Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво FB_IMG_1778998471569 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

17/05/2026 06:15
СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ SDSM-2-1024x576-1 4
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ

16/05/2026 10:35
ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ

16/05/2026 10:32

Можеби сте пропуштиле

698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 20:48
698557629_1572367268222247_9031132792845596933_n-1536x1249
  • Спорт
  • Фудбал

Репрезентацијата на Македонија до 14 години поуспешна од Малта

Димитар Петковски 17/05/2026 15:30
dara
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 06:42
FB_IMG_1778998471569
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

Димитар Петковски 17/05/2026 06:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани